Даут Харадинај (роден на 6 април 1978 година во селото Глоѓане во близина на градот Дечани, Косово) е албански политичар и адвокат, како и поранешен командант на Ослободителна војска на Косово (ОВК), и ОНА. По војната, Даут беше дел од раководството на Косовскиот заштитен Корпуси (КПЦ).

Тој е брат на Рамуш Харадинај и командант на заштитната зона Карадак, како и политички водач на Демократска алијанса на Косово. Во времето кога бил во служба на ОВПМБ, во некоја битка ја загубил левата рака.

Во редовите на ОНА бил вклучен во февруари 2001 година, и бил одговорен најпрвин за реонот околу селото Танушевци, а подоцна дејствувал и во реонот на Куманово и Липково„Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 90. Командир во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА.

На 19 јуни 2002 година тој бил уапсен и осуден на пет години затвор поради убивање и малтретирање етнички Албанци на Косово во 1999 година.

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани, а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш. Даут Харадинај е познат е по прекарот „Малиќи"

Наводи

Категорија:Косовски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година