Гладница или Топлички Извори — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Галате. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на источната периферија на селото, во приватни ниви, каде се откриени питоси. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а според кажувањето на мештаните, биле откриени и гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — утврдена населба од железно и римско време;

Наводи

Категорија:Галате