Ул. „ЈНА“ — археолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува осамен објект од римското време. Во 1956 година, при копање на темели за изградба на приватна куќа биле откриени остатоци од темели на објект и статуа со претстава на мало девојче со откршена глава. Темели од објекти имало и во соседните дворови, а во еден била најдена и надгробна плоча со грчки епитаф.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бањиче — населба од доцната антика; Бузане — населба од доцна антика; Дреноец — населба од доцна антика; Исар — градска населба од доцна антика и среден век; Горно теќе — населба од римско време; Тетово — осамен наод од доцна бронѕа; Св. Петка — населба од римско време; Ул. „Браќа Миладиновци“ — осамен објект од римско време; Ул. „Штипска“ — гробница од раната антика.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Тетово