Џеј Рамадановски (, — , )Објава за смртта — српски пејач на фолк и поп-фолк музика.
Роден е во Белград, од ромско чевларско семејство доселено од Ресенско, Македонија. Детството го поминал во Белград со својата баба по мајка. Пристапува кон малолетничка деликвенција за што е приведуван и дел од младоста ја поминува во воспитно-поправен дом за малолетници каде изучува автолакерски занает. По одслужувањето на воениот рок, кратко време работи во фабриката за трактори и комбајни „Змај“. Повторно се враќа на животот на улица и ситниот криминал. Сепак започнива хонорарно да биде ангажиран како пејач на локални и поединечни ромски веселби, кога неговата дарба ја воочува Марина Туцаковиќ.
Својата популарност ја стекнал кон крајот на 1980-тите години, главно на просториите на Југославија и Србија. Прв забележителен настап имал на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 кога го освоил второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката. Врвот на популарноста го достигнал во 90-тите и раните 00-ти години кога ги снимил своите најпопуларни албуми.
Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија. Живеел во белградската населба Дорќол.
Наводи
Категорија:Српски фолк пејачи Категорија:Српски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски Роми Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)