Тејлор Мишел Момсен (анг.Taylor Michel Momsen родена 26 јули 1993) ― американска пејачка, манекенка и поранешна глумица. Пред да се повлече од глумата, ја толкувала улогата на Синди Лу Ху во филмот Како Гринч го украде Божиќ (2000) и на Џени Хамфри во телевизиската серија Oзборувачка (2007-2012). Таа е главна пејачка во рок-групата The Pretty Reckless од нивното основање во 2009 година.

Ран живот и глума Тејлор Момсен е родена во Сент Луис (Мисури) во католичка фамилија. Имала делумно руско потекло. Таа почнала професионално да глуми од 3 години за националната реклама на Shake 'N' Bake. Во 2000 година, Момсен ја добила улогата на Синди Лу Ху во „Како Гринч го украде Божиќ“, која станала нејзината пробивна улога. Во 2002 година, ја глумела Гретел во Хансел и Гретел и Александра, ќерката на претседателот, во Деца шпиони 2. Таа, исто така, била на аудиција за насловната улога во Хана Монтана, и влегла во најтесен избор од три глумици, но улогата ѝ била доделена на Мајли Сајрус - одлука со која Момсен била задоволна во ретроспектива. Во 2007 година, глумела во филмите Underdog и Параноичен парк.

Манекенство Во јуни 2008 година, на 14 години Тејлор Момесен потпишала договор со IMG Models. Била заштитно лице на британскиот моден ланец New Look за неговата колекција пролет/лето 2010. На 15 јули 2010 година станала заштитно лице на модната линија од Мадона, „Material Girl“. Една недела подоцна, Момсен била најавена како модел за новиот женски парфем од Џон Галијано, планиран за лансирање во есента 2010 година.

Момсен се појавила на насловната страница од списанието Page Six во 2009 година. Исто така се појавила на насловната страница на Seventeen (февруари 2010 година) FHM (март 2012) и Maxim ( ноември 2013). FHM ја ставило Момсен на 29-то место на списокот „Hot 100“ во изданието од 2012 година.

Музика Во март 2009 година Момсен изјавила во интервју за OK!Magazine дека нејзиниот бенд потпишал договор со Interscope Records. Таа ги пишува сите песни, пеела и свирела на едноставна гитара на албумот.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски пејачи Категорија:Американски музичари Категорија:Американски феминистки Категорија:Родени во 1993 година