Терористичкиот напад на аеродромот Домодедово — бомбашки напад што се случил на 24 јануари 2011 година на аеродромот „Домодедово“ кој се наоѓа во Москва, Русија. Во бомбашкиот напад починале 30 луѓе а повеќе од 150 биле повредени.
Руските власти потврдиле дека нападот е дело на бомбаш самоубиец, кој експлозивната направа скриена околу телото ја активирал на влезот на салата за подигање на багаж, во терминалот за меѓународни летови. На местото на крвавиот атентат на московскиот меѓународен аеродром Домодедово била пронајдена главата на осомничениот атентатор-камиказе.
Наводи
Категорија:Терористички напади во 2011 година Категорија:Терористички напади во Русија во 2011 година Категорија:Настани во Москва Категорија:Тероризам во Москва