Шон Комбс (Sean Combs-Sean John Combs), е роден на 4 ноември 1969 година. Денес е познат по неговото сценско име Диди(Diddy) . Toj е американски продуцент на песни, рапер, артист и моден творец на машка облека. Тој има освоено три Греми награди(Grammy Awards) и две МТВ Видео музички награди(MTV Video Music Awards), а неговата модна линија се здобова со успех кога ја добива американската награда за Совет на Модни творци.
Тој беше познат како Паф Деди(Puff Daddy) а потоа како Пи Диди(P.Diddy), од кои Паф и Пафи(Puff and Puffy) беа познати како негови прекари, но никогаш не беа користени како негови сценски имиња. Во август 2005 година тој го промени своето сценско име во “Диди”. Во Нов Зеланд и во Обединетото Кралство продолжи да го користи името Пи Диди, како втор после правната “војна” со друг артист Ричард Диди(Richard Diddy Dearlove). Во јуни 2008 година, Диди јавно ги одби гласините за промена на друго уметничко име. Неговиот бизнис интерес под чадорот на (Bad Boy Entertainment Worldwide) светски познато забавно шоу, го вклучува албумот Bad Boy, линијата за облека Sean John & Sean by Sean Combs(Шон Џон & Шон од Шон Комбс), филмска продуценска куќа и два ресторана. Тој ја зема улогата за извршител на албумите, изведувач, продуцент на американското шоу Making the Band (Создавање на Бендот), писател, аранжер и артист.Трудот на Комбс во 2006 година беше проценет на 346 милиони долари.
Раниот живот на Пи Диди
Шон Комбс е роден во Харлем, Њујорк, син на Жанис(Janice), учителка и на Мелвин Комбс. Израснат во Маунт Вернон, Њујорк. Кога тој бил дете, неговиот татко на 33 годишна возраст, бил застрелан во својот автомобил откако се забавувал на некоја журка .Комбс играл фудбал за Романската Католичка Академија Свети Мајкл(Saint Michael). Во 1986 година неговиот тим освоил титула. Тој димпломирал во 1987 година, и се изјаснил дека е христијанин.
Комбс изјавил дека прекарот “пуф” му бил даден како дете кога бил лут. Студирал во Вашингтон, каде што покажал страст за маркетинг и здобил репутација за голем промотер на забави. Диди случајно станал стажант на голема продукција во Њујорк. Некое време тој ќе патуваше и ќе се враќаше назад, и постојано така помеѓу Вашингтон и Њујорк, правејќи трикови во својот стаж, а потоа станал најдобриот менаџер. Тој имал важна улога во потпишувањето на музичкиот договор и кариерата на Мери Џи Блајџ(Mary J.Blige).
Во 1991 година, Комбс промовирал концерт, предводен од Хеви Ди(Heavy D.) кој се одржуваше во гимназија во Њујорк, а истовремено се одигрувал и добротворен кошаркарски натпревар против сидата. На настанот имаше премногу луѓе, а картите беа распродадени двојно повеќе од нормалниот капацитет на местото, додека илјадници без карти биле надвор. За да ги задржат надвор, луѓето на Пи Диди ја затвориле единствената врата што водела до скалишниот простор, ставиле маса зад неа, со што гужвата била блокирана , а луѓето молеле за помош. Кога толпата надвор скршила неколку стаклени врати во обид да влезат внатре во гимназијата 9 лица загинале. На пресудата во 1999 година, судијата на Судот на Жалби ги обвинија Пи Диди и Хеви Ди дека се 50% одговорни за инцидентот. Градскиот колеџ го сносија останатиот дел од одговорноста на обезбедувањето на Пи Диди бидејќи знаеле дека картите биле распродадени.
Музичка кариера Во 1992 година Комбс потпиша договор со Хартфорд(Hartford) со диск-џокеј за да отвори музичка куќа во Хартфорд за неоткриените таленти во градот. Поради креативните разлики за употребата на талентот, ненадејно се разделиле. Во извадок во магазинот на Ролинг Стоун(Rolling Stone Magazine) Џ.С. изјави:”Шон и јас останавме пријатели, но не толку блиски како што некогаш бевме. Нашата разделба се однесува на нашите различни гледања на патиштата. Јас сакав да возам кон лево, каде што се артистите, а Комбс сакаше да вози кон десно, кон бизнисите како и обично. Разделбата била пријателска. Сега ние сме блиски.”Во 1993 година, откако беше отпуштен од “Uptown”, Комбс ја разви издавачката куќа Бед Бој(Bad Boy) земајќи го со нив и новодојдениот Ноториус(Notorious). И Ноториус и Крег Мек(Craig Mack) направија хит песни, следени со сличен успех како и на големиот хит на Ноториус-Ready to Die. Диди започна да потпишува повеќе дела за Bad Boy, за познати музичари, како што се: Mary J. Blige, Usher, Lil' Kim,Mariah Carey итн.
Во средните 90-те, Комбс и Ноториус беа критикувани од Тупак Шакур(Tupac Shakur) и Сјуг Најт(Suge Knight) во разни песни и интервјуа.Во периодот од 1994-1995 година Диди создаде песни коишто беа најдобро промовирани и прогласени за најдобри R&B хитови. Други песни кои беа добро промовирани се “If I was Your Girlfriend” и “Can I Get A Witness”.
Во 1997 година тој го сними својот прв комерцијален вокал како рапер под името “Puff Daddy”. Неговиот деби сингл “Can’t Nobody Hold Me Down”, 6 недели беше на првото место на најдобрите 100 песни. Деби албумот “No Way Out” беше број 1 албум и и во 1998 година ја освои Греми Наградата за најдобар рап албум. Неговата втора песна “ I”ll Be Missing You”, во спомен на Ноториус, се пласираше на 1 место на најдобрите 100. Диди соработуваше со Џими Пејџ(Jimmy Page) на песната “Come With Me”. Реализаторот Том Морело(Tom Morello) поддржа некои делови од песната со свирење на гитара, свирејќи и на бас во песната. Комбс и Пејџ снимија видео-запис за песната “Come With Me”, којшто го постигна 2 место во Велика Британија. Комбс беше тужен за запоставување на земјиштето од страна на Инџ Бонго(Inge Bongo), но Комбс ги одби обвинувањата. Во доцните 90-ти години, Диди беше критикуван за преголемо рекламирање на хип-хопот и на преголемо користење на појавување на други артисти од старите хитови во неговите нови песни.
Клуб Њујорк Во декември 1999 година, Комбс беше обвинет за навреда на Стив Стут(Steve Stoute), многу познат менаџер.Претходно истата година Комбс имаше издадено видео сцена за “Hate Me Now” која го прикажуваше Нас(Nas) како измачуван, но тој побара сликите да бидат отстранети.Одбивањето од страна на Стут доведе до меѓусебен конфликт, а тоа придонесе до апсење на Диди за навреда.По ова следеше уште понегативен публицитет при што многу снимања со Лил Ким и други пејачи беа проследени со вооружена потера, но сепак прекинати со истрели.
На 27 декември 1999 година, Диди и неговата тогашна девојка Џенифер Лопес(Jenifer Lopez) беа во ноќен клуб во центарот на Менхетен кога се слушнаа истрели. По полициската истрага, Шон и момчето рапер Шајн(Shyne), беа уапсени поради насилство со оружје и други обвиненија. Адвокатската канцеларија во Њујорк, раководена од помлад адвокат Метју Богданос(Matthew Bogdanos), го обвини Комбс по обвинувањата на неговиот возач Вардел Фендерсон(Wardel Fenderson), тврдејќи дека Диди се обидел да го подмити и возчот да го земе оружјето по истрелот. Со замолчување и спреоведување мир, “ големото” судењето започна. Нивни адвокат беа Џони Кохран(Johnnie Cochran) и Бенжамин Брефмен(Benjamin Brafman). Откако судењето заврши, Комбс беше ослободен од сите обвиненија, додека Шајн беше прогласен за виновен за истите обвиненија и осуден на десет години затвор. По кратко време, Пи Диди и Џ.Лопес се разделија. Судкиот процес против возачот на Комбс, Фендерсон кој кажува дека доживеал емоционален потрес по истрелите во клубот, беше преместено за во февруари 2004 година. Адвокатите од двете страни се согласија да чуваат во тајност сите судски факти и се согласија само со тоа дека постапката беше разрешена на задоволство од сите страни.
Во 2001 година, по ослободувачката пресуда за поседување на оружје и обвинувањата за мито, Комбс го промени своето уметничко име од “Puff Daddy” во “P.Diddy”. Подоцна се појавува како дилер на дрога заедно со Хали Бери(Halle Berry) и Били Боб Торнтон(Billy Bob Thornton) во филмот “Monster’s Ball”(Топката на чудовиштето). Тој се обиде да ја измени својата слика, но наскоро се соочи со обвиненија за навреда од водител на телевизија од Мичиген(Michigan), Роџер Милс(Roger Mills), a потоа во Флорида беше уапсен за возење со помината дозвола за возење. Црковниот албум “Thank You” ( Ти Благодарам) никогаш не беше издаден. По обвинувањата од полицијата во Мајами за несовесно возење, Комбс започна да работи со необични артисти. Тој соработуваше со Бритни Спирс(Britney Spears) и Ен Синк(‘N Sync). Тој го потпиша договорот Калифорнија-заснован на женска поп група “Dream”(Сон) во неговата музичка куќа. Подоцна во 2002 година, тој направи свое реално шоу “Making The Band 2” (Создавање бенд 2 дел), продолжение на првото “Making The Bend” шоу, во кое натпреварувачите се натпреваруваа за тоа кој да влезе во новата група на музичкото студио “Bad Boy”. Требаше да се појават 6 финалисти со нивното име, компакт диск и видео запис. Групата, критикувана од комичари и критичари, беше распадната од Комбс на крајот од циклусот емисии. Во 2003 година, Комбс трчаше на маратонот во Њујорк и подигна два милиони долари за образовниот систем за децата во Њујорк. На 10 март, 2004 година, Диди се појави во шоуто на Опра Винфри(Oprah Winfrey) за да дискутира за маратонот кој го заврши за осум часа и осумнаесет минути. Во 2004 година, ја предводеше кампањата “Vote or Die”(Гласај или Умри) за претседателските избори за 2004 година. Слоганот “Vote or Die” беше исмејуван и од “The Daily Show”(Дневното Шоу) и од “South Park”(Јужен Парк) за премногу површен и за охрабрување на младите луѓе да гласаат без да ги знаат проблемите. Во една епизода на “South Park”, Комбс и неговите пријатели беа опишувани на начин како да го бркаат Стен Марш(Stan Marsh), еден од главните личности во шоуто, со оружје заканувајќи му се дека ќе го убијат ако не гласа во училишните избори.
На 16 август 2005 година, Шон се појави во “Today Show”(Денешно шоу) и изјави дека го менува своето уметничко име, испуштајќи ја буквата “P”(П) и нарекувајќи се себе само Диди. Меѓутоа, ова го вознемири музичиот артист и Ди Џеј од Лондон- Richard “Diddy” Dearlove, кој побара судска забрана за користење на името, но прифати спогодбен договор надвор од судот во зинос од 110 000 фунти. Како резултат на тоа, Комбс веќе не го користи името Диди во Велика Британија, каде што сè уште е познат како Пи Диди. Во 2005 година, Комбс играше во повеќе улоги, а телевизиската адаптација “A Raisin in the Sun”(Суво Грозје во Сонцето) започна да се емитува во февруари 2005 година. Истата година тој ја продаде својата музичка компанија. Сè уште постои тензија помеѓу него и Лиор Кохен(Lyor Kohen) и Кевин Лајлс(Kevin Liles), но сепак се договорија неговата трага сè уште да биде дел од компанијата.Во едно интервју Диди рече дека создава линија за машки костими. Подоцна во 2005 година како водител на музичките Греми награди , во магазинот “Time”(Време) беше прогласен за еден од 100-те највлијателни луѓе во 2005 година. Комбс својот прв албум во четири години го издаде на 17 октомври 2006 година во музичкото студио “Bad Boy” со појавувања на многу познати музичари, како што се Кристина Агилера(Christina Aguilera), Нас(Nas), Вилијам(William-Black Eyed Peas), Мери Џи Блајџ(Mary j. Blige), Сиара(Ciara), Фарел(Pharrell) и многу други. Албумот достигна на првото место од топ листите уште во првите недели од неговото издавње. Беше изјавено дека Комбс ќе пее на сите песни од албумот, но произлезе дека тој претпочита да рапува, како што е примерот со првата песна од албумот “Come to me”, која што ја изведува заедно со Никол(Nicole) од групата “Pussycat Dolls”. Тој пее на неговата трета песна од албумот “Last Night”(Последна ноќ) заедно со Кејша Кол(Keyshia Cole). “Tell Me”(Кажи ми) која што ја изведува заедно со Кристина Агилера беше издадена како втора песна. Тој побара помош од свиоте обожаватели преку “MySpace”(Моето место) да изберат која да биде четврта песна на албумот. Тие ја избраа “Through The Pain(She Told Me)”- Преку болката(Таа ми кажа), заедно со Mario Winans(Марио Винанс).