Фармацевтски дроги, уште познати како лекови или медикаменти, лабаво може да се дефинираат како секоја хемиска супстанција, наменети за користење во медицинска дијагноза, лекување, третман или спречување на болести.

Класификација Лековите можат да бидат класифицирани на повеќе начини, како на пример според хемиските својства, начинот на употреба, влијанието од биолошкиот систем или ефектите од терапијата. Детален и широко применуван систем за класификација е Анатомскотерапевтскиот хемиски систем на класификација (АТХ-систем). Светската здравствена организација чува список на неопходни лекови.

Примерите за видовите медицина вклучуваат:

Антипиретици: намалување на треска Аналгетици: намалување на болки (против болки) Антималарични лекови: лекување на маларија Антибиотици: инхибира раст на микроорганизми Антицжсептици: спречува раст на микроорганизми во близина на изгореници, исекотини и рани.

Видови на лекови (тип на фармакотерапија) За гастроинтестиналниот тракт (системот за варење)

• Горен дигестивен тракт: антациди, рефлукс супресанти, антифлатуленти, антидопаминергични, инхибитори на протонска пумпа (ИПП), антагонисти на H2 рецепторите, цитопротективни, лекови аналогни на простагландините.

• Долен дигестивен тракт: лаксативи, спазмолитици, антидиареични, хиполипидемични лекови, опиоиди.

За кардиоваскуларниот систем

• Општо: β-рецептор-блокатори („бета блокатори“), блокатори на калциумовите канали, диуретици, срцеви гликозиди, антиаритмици, нитрати, вазоконстриктори, вазодилататори, периферни активатори

• Влијаат врз крвниот притисок (антихипертензивни лекови): АЦЕ инхибитори, ангиотензин рецептор-блокатори, α блокатори, блокатори на калциумовите канали

• Коагулација: антикоагуланси, хепарин, антитромбоцитни лекови, фибринолити, антихемофилични фактори, хемостатски лекови

• атеросклероза/холестерол инхибитори: хиполипидемични лекови, статини

За централниот нервен систем Лековите кои влијаат на централниот нервен систем се: хипнотици, анестетици, антипсихотици, антидепресиви ( вклучувајќи трициклични антидепресиви,моноамино оксидаза инхибитори, литиум соли и селективни инхибитори на серотонинското прземање(ЦИЦП)), антиеметици, антиконвулзиви/антиепилептици, анксиолитици, барбитурати,лекови за нарушување при движење ( на пр. Паркинсова болест), стимуласни (вклучувајќи амфетамини), банзодиaзепини, циклопиролони, допамински антагонисти, антихистаминици, холинергични лекови, антихолинергични лекови, еметици, канабиноиди и 5-HT (серотонински) антагонисти.

За болка и свест (аналгетски лекови) Основни видови на лекови против болки се: НСАИЛ(Нестероидни антиинфламаторни лекови), опиоиди и други лекови, како парацетамол, трициклични антидепресиви и антиконвулзиви. За муслкулно-скелетни нарушувања Основните категории на лекови за мускулноскелетни нарушувања се: НСАИЛ, (вклучувајќи COX 2 селективни инхибитори (циклооксикеназа 2 селективни инхибитори)), мускулни релаксанти, невромускулни лекови, антихолинестерази.

За окото • општо: адренеричен неврон блокатор, адстрингентно, окуларен подмачкувач.

• дијагностички: површински анестетици, симпатомиметици, парасимпатолитици, мидријатици, циклоплегици.

• Антибактериски: антибиотици, површински антибиотици, сулфа лекови, аминогликозиди, флуорохинолони.

• Антивирусни лекови

• Антигабични: имидазоли, полиени.

• Антивоспалителни: НСАИЛ, кортикостероиди.

• Антиалергиски: инхибитори на маст-клетките.

• Антиглауком: адренергични агонисти, β- блокатори, инхибитори на јаглеродната анхидраза/хиперосмотици, полинергици, миотици, парасимпатомиметици, простагландин агонисти/простагланин инхибитори, нитроглицерин.

За уво, нос и орофаринксот симпатомиметици, антихистаминици, антихолинергици, НСАИЛ, стероиди, антисептици, локални анестетици, противгабични лекови, церуменолитици.

За респираторниот систем бронходилататори, НСАИЛ, антиалергици, антитусици, муколитици, деконгестиви, кортикостероиди, бета 2 адренергични агонисти, антихолинергици, стероиди.

За ендокрини проблеми андрогени, антиандрогени, гонадотропин, човечки хормон за раст, инсулин, тироидни хормони, антитироидни лекови, калцитонин, антидијабетици ( сулфонилуреа деривати, бигвадинили/медформин, тијазолидиндиони, инсулин), дифосфонати, аналози на вазопресин.

За репродуктивниот систем или уринарниот систем противгабични, анкализирачки агенси, кинолони, холинергици, антихолинергици, антибиотици, антихолинергици, спазмолитици, инхибитори на 5 алфа редуктаза, селективни алфа1 блокатори, силденафили, лекови за плодност.

За контрацепција • Хормонална котрацепција

• Ормелоксифен

• Спермициди

За акушерство и гинекологија НСАИЛ, антихолинергици, хомостатици, антифибринолитици, Хормон-супституциона терапија, агонисти на бета рецепторите, фоликулостимулирачки хормони, лутаинизирачки хормони, ЛХ-ослободувачки хормон, гамолеинска киселина, гонадотропин ослободувачки инхибитор, прогестоген, допомински агонисти, естрогени, простагландини, гонадорелин, кломифен, тамоксифен, диетилстилбестрол.

За кожата емолиенси, антипруритици, противгабични лекови, дезинфециензи, стабициди, педикулоциди, производи од смола, витамин А деривати, витамин Д аналози, кератолитици, абразиви, системски антибиотици, површински антибиотици, хормони, фибринолитици, протолитици, средства со заштитен фактор, антиперспиранти, кортикостероиди.

За инфекции и инфестации антибиотици, антилепротици, антитуберколозни лекови, антивирусни, антималоарици, антихелминтици, амибициди, антипротозоици.

За имунолошкиот систем вакцини, имуноглобулини, имуносупресиви, интерферон, моноклонални антитела За алергиски нарушувања антиалергици, антихистеминици, НСАИЛ.

За исхрана тоници, препарати со железо, електролити, парантерални додатоци во исхраната, витамини, лекови за слабеење, анаболични лекови, хематопоетски лекови, лекови во прехранбени продукти. За неопластични нарушувања цитотоксични лекови, терапевтски антитела, сексуални хормони, ароматаза инхибитори, соматостатин инхибитори, рекомбинантни интерлеукини, Г-колони стимулирачки фактор, еритропоетин.

За дијагноза контрастни медиуми За евтаназија Средствата за евтаназија се користат за усмртување во присуство на доктор. Евтаназијата не е законски дозволена во многу земји и следствено на тоа овие лекови нема да бидат лиценцирани за употреба во тие земји.

Правни аспекти Во зависност од законодавството, лековите можат да се поделат на: лекови без рецепт и препишани лекови, кои се издаваат само со рецепт, препишан од страна на овластен доктор. Основната разлика меѓу овие два вида на лекови зависи од правното законодавство. Трета категорија, нелегални лекови е воведена во некои законодавства. Овој вид на лекови се издаваат без рецепт, мора да се чуваат во склад, не пред очите на јавноста и можат да бидат продавани само од страна на фармацевти и фармацевтски техничари. Доктори, исто така, можат да издаваат и рецепти за лекови кои првенствено не биле одобрени од страна на регулаторните агенции. Класификацијата на фармакотерапевтското упатување помага во водењето на процесот за упатување меѓу фармацевтите и докторите.

Меѓународниот одбор за контрола на наркотици на Обединетите нации наметнува светски закон за забрана на одредени лекови. Тие објавија долга список на хемикалии и растенија чијашто продажба и употреба е забранета. Лековите без рецепт се продаваат без ограничување, бидејќи се сметаат за доволно безбедни, така што луѓето нема да си наштетат доколку ги земаат како што е наведено во упатството. Многу земји, како на пример Обединетото Кралство имаат трета категорија на лекови кои можат да се издаваат само во регистрирани аптеки, од страна или под надзор на фармацевт.

За патентирани лекови, земјите може да имаат задолжително лиценцирани програми кои, во одредени случаи, го одврзуваат сопственикот на лекови да склучи договор со други агенти, за лекот да може да се произведе. Таквите програми може да се соочат со вонреден недостаток на лекови, на пример во случај на сериозна епидемија, или може да се дел од напорите за осигурување дека лековите за третман на болести, на пример лековите за СИДА, се достапни во земјите коишто не можат да си ги дозволат цените дадени од сопственикот на лековите.

Пракса на издавање рецепти Лековите кои се издаваат со рецепт, се уредени како такви бидејќи можат да имаат несакани ефекти и не треба да се користат доколку не се потребни. Медицинските упатства и клиничките испитувања се користат за да помогнат во информирањето за препишаниот лек, но можат да се случат и грешки. Причините поради кои не се препишува некој лек, како што се интеракциите и несаканите ефекти, се наречени котраиндикации.

Грешките вклучуваат предозирање и полифармација, погрешен рецепт, контраиндикации, недостаток на деталите за дозирање и административни инструкции. Во 2000 година грешката во издавање рецепт беше проучена на конференција користејќи го методот Делфи. Конференцијата беше мотивирана од двосмисленоста на грешка во издавање рецепт и потребата да се користи една дефиниција во изучувањата. Развој основна тема:Развој на лекови

Развој на лекови е постапката на создавање на лековите. Лековите може да се екстрахираат од природни производи (фармакогнозија) или да се синтетизираат преку хемиски постапки. Активната состојка на лекот ќе биде комбинирана со „возило“, како што е: капсула, крем или течност, која ќе биде спроведувана преку одреден начин на употреба. Најпродаван лек Најпродавани лекови се оние лекови од кои сопсвеникот заработува повеќе од 1 милион долари на годишно ниво.

Извештај од издаваштвото УРЦХ проценува дека околу 1/3 од фармацевтскиот пазар од вредност земен предвид од страна на најдобрите продавачи. Околу 125 производи се најпродавани. Најдобро продаван беше липиторот, лек за намалување на холестеролот, пласиран од страна на Фајзер, со продажба од 12,5 милиони долари.

Во 2009 година вкупно имаше седум нови најпродавани лекови, со комбинирана продажба од 9,8 милиони долари.

„Во фармацевтската индустрија, најпродаван лек е оној лек кој е прифатен од страна на докторите, кои ги препишуваа како терапија најчесто за широко распространетите хронични (наместо акутни) состојби. Пациентите обично ги земаат овие лекови за долг период.“ Водечки најпродавани лекови

Лек Трговско име Компанија Продажба (милион долари), годишно Аторвастанин Липитор Фајзер 12 (2007)> Клопидогрел Плавикс Бристол-Мајерс Сквиб или Санофи-Авентис 5,9 (2005) Еноксапарин Левонокс или Клексане Санофи-Авентис Целекоксиб Целебрекс Фајзер 2,3 (2007) Омерпразол Лосец/Прилосец АстраЗенека 2,6 (2004) Есомепразол Нексиум АстраЗенека 3,3 (2003) Фексофенадин Телфаст/Алегра Авентис 1,87 (2004) Кетиапин Сероквел АстраЗенека 1,5 (2003) Метопролол Селокен/Топрол АстраЗенека 1,3 (2003) Будесонид Пулмицорт/Пиноцорт АстраЗенека 1,3 (2003),

Влијание врз животната средина основна тема: Фармацевтските производи и производите за лична хигиена во животната средина

Од 1990 година, загадувањето на водата од лекови беше еколошка причина за загриженост. Повеќето лекови се депонираат во животната средина преку консумирање и излачување и често се неефикасно филтрирани од страна на станиците за прочистување на водата. Тие можат да имаат различно, суптилно влијание врз организмите, иако истражувањето е ограничено. Фармацевтските производи можат, исто така, да бидат депонирани во животната средина преку истечни води од ѓубриво, рекултивирани отпадни води за наводнување и напукната канализација. Во 2009 година, истражувачки извештај од страна на Асошиетед прес изнесе дека производителите во САД легално ослободуваат околу 271 милиони паунди лекови во животната средина, од кои 92 % се антисептиците фенол и водород пероксид. Не може да се направи разлика во лековите ослободени од страна на производителите и онаа ослободена од фармацевтската индустрија. Исто така е утврдено дека околу 250 милиони паунди лекови и загадени пакети се исфрлени од болниците и објектите за долгорочна нега.