Стампедото во Пном Пен се случило на 22 ноември 2010 година за време на одбележувањето на празникот на водата, при кое загинале најмалку 349 луѓе а над 400 биле повредени во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

Како што било соопштено од агенцијата АП, во несреќата која се случила на мостот кој го поврзува Пном Пен и малиот остров Дајмонд Ајланд, каде се одржувале свеченостите, неколку стотици луѓе се повредени. Повеќе од милион луѓе биле излезени на улиците во престолнината на Камбоџа на тридневната свеченост, чија главна атракција била традиционалната трка со бродови на реката Тонтле Сап..... Стампедото се случило во последниот ден на свеченоста, по последната трка, кога настанал метеж на мостот на кој во еден момент кога се нашле голем број луѓе.

Наводи

Категорија:Камбоџа во 2010 година Категорија:Пном Пен Категорија:Катастрофи во 2010 година