Мауро Херман Каморанези (роден на 4 октомври 1976, во Тандил) — аргентинско-италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Кариерата ја започнал во Аргентина со екипата на Алдосиви, од каде една година подоцна заминал во странство играјќи за Сантос Лагуна во Мексико и за уругвајскиот клуб Вондерерс од Монтевидео. Во 1997 година, се вратил во Аргентина, во дресот на Банфилд, каде неговите 16 голови на 38 натпревари го убедуваат Крус Асул да го купи. Враќајќи се во Мексико, тој одиграл две одлични сезони кои ширум му ја отвориле вратата за трансфер во Европа. Во 2000 година, се сели во Верона во Италија, каде со добрите игри во двете поминати сезони се препорачал на Јувентус, кој го купил во 2002 година. Со клубот од Торино го освоил италијанското првенство (2003) и два Суперкупа на Италија (2002 и 2003), станувајќи омилен кај навивачите особено по неговата одлука да остане во најтешките моменти, по испаѓањето на клубот во Серија Б, и да помогне за експресното враќање во врвната дивизија по само една година пауза. После осум години, во кој забележал 288 настапи и 32 гола, тој го напуштил Јувентус во 2010 година, играјќи кратко за германскиот клуб Штутгарт, пред да се врати во родната земја и таму да ја заврши својата играчка кариера.
И покрај тоа што е роден и израснал во Аргентина, благодарение на својте корени, тој добил право да настапува за италијанската репрезентација. Дресот на „аѕурите“ го носел на 55 натпревари, на кој постигнал 4 гола, претставувајќи ја Италија на две Европски (во 2004 и 2008) и две Светски првенства (во 2006 и 2010) станувајќи Светски шампион на Мундијалот во Германија (2006).
По завршувањето на играчката кариера, започнал да се занимава со тренерска работа, водејќи клубови од Мексико, Аргентина, Словенија, Малта и Кипар.
Биографија Роден е во Аргентина, во семејство на спортисти: неговиот татко Хуан Карлос Каморанези бил фудбалер кој играл на аматерски нивоа, додека неговиот чичко, Нестор Гомес, играл во аргентинската врвна лига. Тој има италијанско потекло од неговиот прадедо Лујџи, роден во Потенца Пичена (пров. Мачерата) во 1873 година и починал во 1953 година во Виља Митре, во Аргентина.
Технички карактеристики Познат по издржливоста како една од главните карактеристики на неговиот стил на игра, Каморанези бил крилен играч, главно по десната страна, со силна склоност кон напаѓање, поради техничката виртуозност која ја поседувал и способноста за додавање кон своите соиграчи, но многу често знаел и самиот да го најде патот до противничката мрежа.
Клупска кариера Почетоци Своите први фудбалски чекори ги направил во младинскиот тим на Химнасија Ла Плата, во Аргентина. Во 1994 година, играјќи за младинскиот сектор на Алдосиви, за време на дербито против Клуб Атлетико Алварадо, тој извршил фаул што предизвикал руптура на менискусот на тетивата на противничкиот играч Роберто Пицо, кој сепак бил во можност да се врати на физичката активност само по многу долга пауза. Шеснаесет години подоцна, тој бил осуден да плати 50.000 долари (еднакво на 38.000 евра) за физичко оштетување: Пицо, всушност, завршил со 39% инвалидитет во коленото. Gazzetta.it
Откако дебитирал за првиот тим на Алдосиви, тој одиграл 31 натпревар во втората аргентинска лига во сезоната 1994-1995. Во 1996 година, го потпишал својот прв професионален договор во Мексико со екипата на Сантос Лагуна, играјќи 13 натпревари и постигнувајќи еден гол за клубот. Во 1997 година, се преселил во Монтевидео Вондерерс, но за нив одиграл само неколку натпревари во уругвајското првенство, затоа што, откако истрпел суспензија од 10 натпревари за удирање на судија, договорот му бил раскинат. После ова, тој се вратил во татковината во сезоната 1997-1998, каде играјќи за Банфилд, бил автор на позитивна сезона во втората аргентинска лига постигнувајќи 16 гола на 38 натпревари.
Крус Асул thumb|left|Каморанези со Крус Асул во 1999 Во 1998 година се вратил во Мексико, потпишувајќи договор со Крус Асул, како етаблиран играч од средниот ред. На 1 август 1998, го направил своето деби за „Los Celestes“, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Хоакин Морено и го постигнал четвртиот и последен гол за тимот во победата со 4-0 над Пуебла. Во Аперутра 1998, Каморанези играл редовно како стартер и постигнал 4 гола во регуларниот дел од сезоната, а исто така ги започнал и ги одиграл сите четири натпревари во Лигуиља, каде Крус Асул стигнале до полуфиналето во кое биле поразени од Атлас. Во Клаусура 1999, тој постигнал уште пет гола, вклучително и двата во победата со 4-0 над Клуб Америка на 17 март 1999.
Следната сезона, Каморанези постигнал 7 гола во регуларниот дел од сезоната (3 во Апертура и 4 во Клаусура). Завршувајќи на шесттото место во Клаусура 2000, Крус Асул се пласирал за Лигуиља, каде прв противник им била екипата на Некакса; по победата од 1-0 на домашен терен, реваншот донел многу возбудувања за на крајот да заврши со резултат 3-4 во корист на Крус Асул, додека Каморанези го постигнал првиот гол за својот тим. Во реваншот од полуфиналето против Клуб Америка, Каморанези извршил прекршок над Куаутемок Бланко, кој неправедно бил санкциониран со црвен картон од судијата Фелипе Рамос Рисо; морајќи да го напушти теренот по само 23 минути игра, аргентинецот се расплакал на патот кон соблекувалната, во истовреме утешен од својот противник Фабијан Естај, во една од најнезаборавните сцени во мексиканскиот фудбал. Со играч помалку Крус Асул успеал да го добие натпреварот и да се пласира во финалето против . Откако го пропуштил првиот натпревар поради суспензија (завршен 2-2), Каморанези се вратил во почетниот состав за реваншот, но тоа не било доволно за неговиот тим да ја освои титулата; Крус Асул загубил со 0-1 по продолженија.
Верона thumb|Каморанези со Верона во 2002 Во летото 2000 година, Каморанези бил купен од италијанската екипа . Носејќи го новиот дрес, тој дебитирал во Серија А на 22 октомври 2000 година, за време на натпреварот Верона-Лацио 2-0, влегувајќи во игра како замена во 71-вата минута на местото на Винченцо Италијано. На 12 ноември, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во ремито 2-2 на гостувањето кај . На крајот од сезоната, Верона се спасува обезбедувајќи опстанок преку баражот со . Својата прва сезона во Италија ја затворил со 22 натпревари и 4 постигнати гола. На 25 јуни 2001 година, Верона целосно го откупила неговиот договор од Крус Асул за 6 милијарди италијански лири.
Во сезоната 2001-2002, тој испаднал со Верона во Серија Б.
Јувентус На 11 јули 2002 година, тој се преселил во во договор за ко-сопственост за 4 милиони евра, да го замени повредениот Џанлука Ѕамброта. Своето деби за Јувентус го имал на 15 септември 2002 година, во натпреварот Јувентус- (3-0). На 22 декември 2002, го постигнал својот прв гол за „бјанконерите“, со прекрасен удар во блискиот агол во првата минута од судиското надополнување, носејќи му победа на Јувентус во првенствениот натпревар на гости против (0-1). Во Торино, под водството на тренерот Марчело Липи, тој брзо станал стартер, играјќи вкупно 45 натпревари (во првенството и куповите) во својата прва сезона, постигнувајќи 4 гола и освојувајќи го своето прво скудето. Тој, исто така, добил можност да започне на местото на суспендираниот Павел Недвед во финалето на Лигата на шампионите во Манчестер, кое „бјанконерите“ го загубиле по изведување на пенали од Милан. На 25 јуни 2003 година, втората половина од договорот на играчот бил откупена од Јувентус за 4,5 милиони евра плус млад играч од Примавера тимот.
thumb|left|Каморанези во дресот на Во следните сезони, со Јувентус освоил уште две скудета во 2004-2005 и во 2005-2006, но првото било одземено, а второто не им било доделено на „бјанконерите“, кои биле деградирани на последното место по санкциите од скандалот Калчополи.
Во сезоната 2006-2007, и покрај неговите барања да биде продаден по испаѓањето на клубот во Серија Б, на крајот, следејќи го примерот на некои од останатите ѕвезди на Јувентус (пред се Џанлујџи Буфон, Алесандро Дел Пјеро, Давид Трезеге и Павел Недвед), и тој останал во Торино. Сезоната во втората лига ја завршил со 33 настапи и 4 постигнати гола, придонесувајќи за освојувањето на првенството и брзото враќање во Серија А, по само една година отсуство.
Во сезоната на враќањето во Серија А, тој постигнал гол на Сант'Елија против , во дербито против и во Дербито на Италија против во кое го постигнал израмнувачкиот гол, но бројот на одиграни натпревари драстично му опаднал, попречен од повреди. Тој се вратил на теренот по долго отсуство предизвикано од повреда на мускулот ректус феморис на крајот на јануари 2008 година во натпреварот од Купот на Италија против Интер, натпревар во кој бил исклучен само неколку минути по влегувањето на теренот. На 22 март, тој постигнал еден од двата гола кој му помогнале на да слави на Меаца против „нероаѕурите“. Својата шестта сезона во црно-белиот дрес ја завршил со 22 настапи и 5 гола.
Во текот на сезоната 2008-2009, тој повторно бил жртва на неколку повреди: по поразот од на 5 октомври, тој претрпел повреда од прв степен на бицепсот на десната бутина и ќе биде целосно достапен повторно кон крајот на ноември. Тој го одиграл својот прв натпревар како стартер по паузата на 29 ноември во победата од 4-0 над , натпревар во кој доживеал уште една повреда по само 4 минути игра: исчашување од прв степен на десната плешка од клучната коска, но останал на теренот до крајот на првото полувреме и го постигнал голот со кој Јувентус повел.
thumb|right|Каморанези во 2010 Во неговата последната сезона, тој ја променил позицијата и бил користен десно во средниот ред кој сега имал изглед на ромб, со цел да се олесни внесувањето во почетниот состав на новото засилување, бразилскиот офанзивен играч од средниот ред, Диего. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 28 октомври 2009 година, против (5-1), на асистенција од Себастијан Џовинко. Во Лигата на шампионите, во четвртото коло од групната фаза, тој го постигнал победничкиот гол за Јувентус против Макаби Хаифа. Неколку дена подоцна, во Серија А, тој постигнал два гола против во Бергамо во победата со 2-5.
Носејќи го црно-белиот дрес во 8 сезони, тој запишал 223 настапи и 27 гола во првенството, 11 настапи и еден гол во Купот на Италија, 50 настапи и 4 гола во европските купови и 3 настапи во Суперкупот на Италија, за вкупно 288 настапи и 32 гола.
Штутгарт На 31 август 2010 година, Каморанези потпишал за , каде што се среќава повторно со својот поранешен соиграч од Јувентус, Кристијан Молинаро. Тој го имал своето деби во Бундеслигата на 11 септември, како стартер во поразот од 2-1 од . Искуството во Германија, каде што Каморанези одиграл само 14 натпревари помеѓу првенството, купот и Лига Европа, завршило по само 4 месеци, поточно на 26 јануари 2011 година, кога тој консензуално го раскинал договорот што го врзувал за клубот. Самиот Каморанези признал дека „едноставно не се вклопувал во тимот спортски, иако му се допаѓал клубот, луѓето и градот“. Тој, исто така, изразил желба да ја продолжи кариерата во Аргентина.
Ланус, Расинг и завршување на кариерата