Гробот на Абрахам Линколн или само Гробот на Линколн (англиски: Lincoln's Tomb) е вечниот дом на шестнаесетиот претседател на САД, Абрахам Линколн, но и на неговата жена Мери Тод Линколн и на три од четирите негови деца.Lincoln Tomb. Гробот се наоѓа на гробиштата Оук Риџ во Спрингфилд, Илиноис и е под закрила на државата Илиноис под името „Државно историско место Гроб на Линколн“.
Историја
На 15 април 1865, денот кога умрел Абрахам Линколн, група граѓани од Спрингфилд го создадел Националното здружение Споменик Линколн и започнале акција за собирање средства за создавање меморијален центар или гроб на Претседателот.
По доаѓањето на телото на Претседателот на 3 мај, истото било положено во Стариот државен капитол на Илиниос само една вечер. По закопот следниот ден, ковчегот на Линколн бил положен во гробиштата Оук Риџ, место кое го избрала жената на Линколн. Во декември останките на Линколн биле преместени, привремено, на друга локација, која денес е обележана со мал гранит и се наоѓа позади гробот на едно брдо.FindAGrave Во 1871 година, три години по изградбата на гробницата, телото на Линколн и телата на неговите три сина биле положени во новиот, нецелосно изграден гроб.
Во 1874 година, веднаш по целосната изградба на меморијалниот центар кој бил дизајниран од Ларкин Голдсмит Мид, останките на Линколн биле положени во саркофаг во соба позната како „катакомби“.
Галерија
Наводи
Национален парк на САД
Надворешни врски
Историско место Гроб на Линколн Национални историски знаменитости
Категорија:Абрахам Линколн Категорија:Гробници на претседателите на САД
de:Oak Ridge Cemetery#Abraham Lincolns Grab