Дубје — археолошко наоѓалиште т.е. некропола од римско и доцноантичко време. Се наоѓа во тетовското село Старо Село. Името Дубје на месниот долнополошки говор означува Дабови. Наоѓалиштето е сместено на јужната периферија на селото, на една од мала височинка каде се откриени гробови. При заштитните археолошки ископувања извршени во 1982 година најдени се бронзени монети, токи и друго. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај. Во непосредна близина на наоѓалиштето лежи црквата „Св. Спиридон“.

Поврзано Градиште (Старо Село) Цветков Рид (Старо Село) Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Јегуновце Категорија:Старо Село (Тетовско) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време Категорија:Археолошки наоѓалишта во Тетовско