Грбот на Непал е официјален грб во оваа азиска држава. Денешниот дизајн на грбот го заменил претходниот кралски грб по Непалската граѓанска војна на 30 декември 2006 година.

Грбот на Непал е составен од бела силуета на картата на државата, каде во позадина се наоѓа венец од националното цвеќе, родендрон. Во подножјето на венецот се наоѓаат две раце, машка и женска, во ракување што ја симболизира родовата еднаквост во земјата на жолта позадина што го симболизира регионот Терај. Во внатрешноста на венецот се наоѓа приказ на Хималаите и зелените ридови на Непал. На врвот се наоѓа знамето на државата. Под грбот се наоѓа лента со санскритски натпис:Непал ќе го менува новиот грб — Народен дневник

или на македонски:

Не се грижам за Ланка, Лакшмана, дури и да е направена од злато. Мајката и татковината на еден човек се повредни дури и од небото

Овој текст се поврзува со Рама, кога го посетил неговиот брат Лакшмана и кога изразил желба да остане во Ланка.Pradip Bhattacharya, IAS "The problem of Janani janmabhumishca in Anand Math" July 20, 2002.

Наводи

Поврзано Непал Знаме на Непал Химна на Непал

Непал Категорија:Национални симболи на Непал