Самостојна македонска држава е политичката и револуционерната цел на македонските револуционери и Македонската револуционерна организација. Револуционерната организација формално-правно во своите уставо-статутарни акти се залагала за автономија на Македонија и Одринско, меѓутоа врз основа на организациската документација и другите извори може да се заклучи дека Организацијата работела за самостојна македонска држава.

Ставови на организациските дејци

Зад автономниот принцип се криела поголема цел, а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава. Тоа го потврдуваат и сведоштвата на првите луѓе на организацијата. Христо Татарчев истакнува дека:не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ. Дамјан Груев од друга страна, во писмото до Никола Дејков од 7. 02. 1894 година го објаснува сепаратизмот на МРО и вели дека:

Сепаратистичкото движење не треба да се смета за утопија... Тоа е плод на настојувањето на Бугарија да се добере до нас. Тоа го наоѓа својот израз во заземањето на едно друго поведение од страна на Македонците спрема соседите, а првенствено кон БугаријаАМ. ф. 1953, Даме Груев, оп. 1, а. е. 5, л. 155.

Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќи ја девизата Македонија на Македонците Документи за борбата на македонскиот народ. . . т. 1, 325, и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежевството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, четврти том, 57..

На 17. 10. 1895 година, Гоце Делчев испратил писмо до Ефрем Каранов во кое пишува за слободна државичка Македонија

Ставови на организацијата пласирани преку јавни гласила

Во весникот Право во 1902 година јасно се кажуваат целите на организацијата:

Во 1905 година во Револуционерниот лист, кои бил официјален орган на Внатрешната организација, се истакнува дека: Автономна Македонија од Организацијата се сфаќа како самостојна држава Официјално издание, Револуционерен лист, 2 јуни 1905, 3.

Ставови на Бугарската егзархија

Во писмото од 14. 04. 1901 година егзархот Јосиф I искажува стравување поради формулацијата обединување на сите без разлика на верата и народноста:

Поврзано Слобода или смрт Македонија на Македонците Независна Македонија

Извори

Категорија:Македонска револуционерна организација Категорија:Предложени држави