Брејдс () или Брејдс Естејт () — село и де факто главен град на Монтсерат од 1998 г.Leonard, T. M. (2005). Encyclopedia of the Developing World. Routledge. стр. 1083. ISBN 978-1579583880 Населението на самото место брои 391 жител и се наоѓа во близина на заливот Литл и Каровиот Залив во северозападниот крај на Монтсерат. Официјалниот главен град Плимут е напуштен во 1997 г. со катастрофалниот избув на вулканот Суфриер која го затрупала местото со нанос. По овој настан, административниот центар е преселен во Брејдс, каде што се изградени привремени управни објекти. Постојат неколку предлози за името на новиот главен град, кој е во тек на изградба во подрачјето на заливот Литл. Некои од нив се Порт Дајана, во чест на принцезата Дијана Монтсерат сака да го именува главниот град по принцезата Дијана - БиБиСи и Сент Патрикс, во чест на 17-мартовското востание, но и за да се привлечат американски туристи од ирско потекло.

Нов главен град Населбата Литл Беј во северозападниот дел на островот е во фаза на изградба како нов главен град на Монтсерат.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населени места на Монтсерат Категорија:Главни градови во Северна Америка Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Британски главни градови