Ташо Ристов Ајановски - Мими ( во — во Скопје, Македонија) — македонски деец од Егејскиот дел на Македонија.

Во 1928 година влегол во работничкото движење, а подоцна станал и претседател на Сеработничкиот сојуз во Воден (1932). Учесник е во антифашистичката војна (1941), организатор и раководител на воената организација ОПЛА (Заштита на народните борци) во градот (1943). За време на Граѓанската војна во Грција, од јули 1946 година, бил политички комесар на македонски баталјон на НОФ во Воденско. А, од 1946 година до 1948, ги вршел функциите на организационен и политички секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, како и член на Главниот одбор на Егејскиот дел на Македонија (од јануари 1948).

Наводи

Литература Вангел Ајановски - Оче „Егејски бури“, Скопје, 1975 Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983

Надворешни врски

Македонски Народно Ослободителен Фронт – MНОФ