Викторија Каролин Бекам (Адамс; родена на ) е британска пејачка, текстописец, моден творец, стопанственикка, глумица и модел.
За време на нејзиното издигнување кон славата со поп групата Спајс Грлс во 1990 година, Бекам беше наречена Пош Спајс, прекар измислен од страна на британскиот музички поп магазин Топ оф д’попс во нивното јунско издание 1996. Додека Спајс Г’рлс правеа посебни кариери, таа дебитираше во поп мизиката, освојувајќи четири од 10 те британски топ песни како соло изведувач. Нејзината прва самостојна песна "Надвор од мислите”, го достигна второто место на списокот на британските песни и е нејзиното последно и најголемо појавување на таа листа. За време на нејзината соло кариера таа потпиша договор со Вирџин Рекордс и Телстар Рекордс. Бекам се здоби со поголем успех како меѓународно позната модна икона. Таа имаше кариера во модата, дизајнирајќи линија на фармерки за Рок&Репаблик а потоа го дизајнираше сопствениот познат бренд, dVb Стајл. Бекам ја прикажа и нејзината сопствена колекција од очила за сонце и парфеми , наречена “Интимно со Бекам”, кои беа пуштени во продажба во Велика Британија и САД. Во соработка со јапонската продавница Саманта Таваса, таа дизајнираше голема колекција од ташни и накит. Покрај тоа таа има издадено две книги бестселери; едната е нејзина автобиографија а другата е моден водич.
Од нејзините телевизиски заработки, Бекам имаше пет официјални документарни филмови и реални емисии направени за неа, како на пр: ” Да се биде Викторија Бекам “ и “ Бекамови во вистинско светло”. Нејзината последна емисија беше ” Викторија Бекам доаѓа во Америка” која што се емитуваше во САД во 2007 година. Таа за кратко се појави во епизода во американската телевизиска серија “Грдата Бети” ,а беше и гостин- судија во Проект писта: “Новиот топ модел на Германија” и “Американски идол “ ( деветта сезона). Бекам е мажена за англискиот фудбалер Дејвид Бекам со кој има и три синови, Бруклин,Ромео и Круз.Само од 2009 година па наваки нивното заедничко богатство е проценето на 125 милиони долари.
Детство Викторија Каролин Адамс е ќерка на Антони и Жаклин Адамс, родена е во болницата Принцес Александро во Харло, Есекс, и порасната во Гофс Оак, Хартфордшир. Нејзиниот татко бил електро-инженер а успехот од семејниот бизнис влијаел добро врз нејзиното воспитување и врз воспитувањето на нејзините браќа Луис и Христијан. Таа била запишана во високото училиште “Св.Мери” во Чешант. Била засрамена од тоа што нејзините родители биле богати и често го молела татко и да не ја испраќа до портата на училиштето за да не биде видена како излегува од нивниот скап автомобил Ролс Ројс.Таа изјавила дека за време на нејзините школски денови била малтретирана од страна на другите деца, правеле се, за таа да се чувствува како да не припаѓа таму. Кажала дека децата постојано ја задевале и фрлале по неа секакви работи а таа само стоела и не можела да се одбрани. Немала другарки и другари. Адамс се инспирирала гледајќи го мјузикалот” Слава”, и веднаш потоа одлучила дека сака да стане позната. Нејзините родители веднаш ја запишале во драмското училиште “Џејсон”. На 17 години таа се запишала на факултетот за театар и драмска уметност “Лејни”, во Епсом ,Сари, и студирала танц и манекенство. Таа била и дел од бендот “Персуејшн”.
Кариера Спајс Грлс
Викторија Адамс(нејзиното тогашно име) се приклучи кон групата Спајс Г’рлс во 1994 година, чие претходно име беше "Тач" , заедно со Гери Халивел, Ема Бунтон, Мелани Брауни и Мелани Чисхолм. Таа претходно, во март 1993 година , добила улога во реклама во Стејџ, на кои им биле потребни две девојки” паметни, ексцентрични и способни да танцуваат и пеат”. Во 1996, нивната прва песна "Сакам да бидам", се најде на прво место во Велика Британија, во САД и во други 29 држави, а потоа ќе биде проследена со уште осум други познати песни од нивните албуми ”Спајс” , “Животот на Спајс” и “Засекогаш “ кои ќе бидат исто така број еден на мизичките листи. Секоја членка на групата доби прекар од јавноста. Викторија ја викаа Пош поради нејзиниот префинет карактер и стил, поради дизајнерските кратки црни фустанчиња што ги носеше и нејзината љубов кон високите потпетици. Оваа група беше една од најпознатите поп изведувачи во деведесеттите години, продавајќи над педесет и пет милиони снимки насекаде во светот. По излевањето на нивниот трет албум ,” Засекогаш” (UK#2), кој беше помалку успешен од претходните два албума, оваа група престана да снима песни, поттикнувајќи ја Бекам да почне да гради соло кариера. Во 2007 година Спајс Г’рлс се обединија и ги објавија плановите за правење турнеја , со што беше предвидено дека секоја од нив ќе направи заработка од 10 милиони долари. Викторија претходно изјави дека таа и нејзините колешки од групата уживаат во нивните различни соло кариери. Таа изјави “ние сè уште работиме на нашите соло кариери”. Нивниот албум "Најдобрите хитови" беше пуштен во продажба во почетокот на ноември а турнејата почна на 2 декември 2007 година. Бекам изјавила :”сакам моите деца да видат дека нивната мајка била позната поп звезда”. Таа турнеја беше нивната последна шанса заедно да застанат пред огромна публика од луѓе сите врескајќи по нивното име-Спајс Г’рлс. Кога таа повторно си ја фарбала косата кафена за нивното обединување и за турнејата, нејзините синови веднаш искоментирале ”ох боже , тоа е пош спајсицата, таа се врати.” За време на едно настапување на Спајс Г’рлс во Лондон, во арената О2, нејзините три сина ја придружуваа на сцената заедно со другите деца на спајсиците пеејќи ја песната "Мама" . Таа е едниствената членка од групата која не испеа своја соло песна за време на турнејата,само позираше на пистата правејќи да изгледа како модна ревија додека сите други си ги пееја песните од нивните соло кариери. Еден критичар изјави ”таа е најзадоволна кога ги пее своите соло песни”. Таа тоа го знае и тоа и дава сè поголема самодоверба за време на нејзините настапи. Филмскиот продуцент Боб Сметон режираше и документарен филм за нивното обединување. Насловен е ”Спајс Г’рлс ви даваат се “ и за првпат беше емитуван на Фокс 8 во Австралија. Покрај нивната турнеја, тие имаа потпишано договор за да се појават во рекламите на Теско, за кое што беа платени по еден милион долари.
Соло кариера На 14 август 2000 година , Бекам ја издаде својата прва соло песна ,” "Далеку од моите мисли”, во соработка со Дејн Боверс и Трустеперс. Истовремено, се издаде и песната "Грувџет (Ако ова не е љубов)" од Спилер во изведба на Софи Елис Бекстор, и тоа резултираше со битка на списокот на слушаност помеѓу овие две песни. Песната на Викторија беше проследена со огромна публицистичка камапања, па затоа таа дебитираше на прво место, а песната на Софи Елис Бекстор се најде на второто место на британските музичките листи. Пред да биде објавена песната, на 8 јули 2000 година Викторија се претстави со своја соло песна во Хајд пак во Лондон , на концерт за собирање пари за хуманитарни цели на фондовите на принцот. Таа ја испеа песната "Далеку од моите мисли" пред голема и гласна публика од 100.000 луѓе. Потоа Бекам потпиша договор со нејзината издавачка куќа Вирџин Рекордс. Нејзината следна песна како соло артист , "Не наивна девојка", беше издадена на 17 септември 2001 година. Повторно се најде во конкуренција со друга песна која исто така беше многу слушана во тоа време, песната на Кајли Миног "Не можам да те оттргнам од моите мисли” . И покрај големата промотивна кампања, песната на Бекам се најде на шестото место на музичките топ листи. Нејзиниот дебитирачки албум, насловен како” Викторија Бекам”, се пушти во продажба на 1 октомври 2001 година , и се најде на десеттото место на британската топ листа. Биле потребни околу пет милиони долари за да се издаде овој албум, а се продале само 50.000 копии. Втората и последна песна од овој албум ""A Mind of Its Own" " беше издадена на 11 февруари 2002 година. Оваа песна се најде на шесто место на британската музичка листа и беше продадена во 56.500 копии. Наскоро се појавија гласини дека Бекам сакала да се откаже поради тоа што не се пласирала меѓу првите три места на британските музички листи. Таа изјавила: “вие знаете дека весниците пишуваат само неубави работи, а што се однесува до мене и до мојата издавачка куќа, се’ e во ред. Третата песна "Посакувам", беше промовирана но никогаш не се пушти во продажба. Песната беше ремикс направен од Роби Крег и беше изведена на
Телевизиската емисија Friday night’s All Wright. По објавувањето на веста дека Бекам е бремена со второ дете, песната престана да се емитува. Вирџин Рекордс го прекинаа договорот со неа. Беше издадена изјава дека никој со никој не се замерил. Договорот со Вирџин се прекина, и двете страни одлучија да не соработуваат заедно. Во 2002 година Телстар Рекордс потпишаа договор со Бекам и со Сајмон Фулерс 19 менаџмент. Овој договор вредеше 1.5 милиони долари. Во 2002 година таа помина многу време снимајќи го албумот “ Отвори ги очите” од кој излезе и песната "Ослободи ги своите мисли", но бидејќи беше разочарана од резултатите од сето тоа, таа одлучи оваа песна да не биде издадена. Наместо поп, Бекам сакаше да сними песни во Р’н‘Б и хип-хоп стил, со поурбан звук. Таа почна да соработува со урбаниот продуцент Дејмон Деш. Во тоа време беше изјавено дека Деш ја навредил Бекам со изјавата” ако ја направиме Викторија успешна тогаш секој би го направиле успешен “. Кога првпат го прашале Деш зошто соработува баш со Викторија тој изјавил: ” затоа што гледам колку е таа барана и популарна овде” . Заедно со M.O.P. тој направи песна која беше промоворана во јули 2003година. Ова педизвика многу критики затоа што повеќето сметаа дека Бекам е далеку од урбан изведувач. Првата песна на Бекам заедно со Телстар Рекордс, "Ослободи ги своите мисли /This Groove “ беше пуштена во Британија на 23 декември 2003 година, и беше проследена со голема промоција и многу телевизиски настапи за време на Божиќните празници заедно со видео за таа песна направено од Енди Хајлтон. Оваа песна се најде на трето место во Бритнија. Бекам беше задоволна од успех од на песната "Ослободи ги своите мисли" од албумот "This Groove" и сите тие песни од тој албум во хип-хоп и Р’н‘Б стил беа издадени и слушани во тоа време. Таа е моментално единствената спајсица која не се најде на прво место на музичките топ листи со своите соло песни но е и единствената чии сите песни и албуми се најдоа меѓу десеттото место на музичките топ листи. Дејмон Деш имаше планови за Викторија Бекам надвор од Велика Британија на пример во САД со намера да ја промовира песната "Ослободи ги своите мисли” од албумот “This Groove” со поднаслов "Пош Спајс Викторија Бекам". Промовирањето на песната беше планирано во периодот помеѓу март и мај 2004 година но тоа никогаш не се случи. Јавноста во Велика Британија ја опишуваше кариерата на Бекам како неуспешна, а се ширеа и гласини за Деш и Фулер и поради тоа нејзиниот хип-хоп албум “Ајде заедно” не беше издаден. Поради неуспехот со ]]Теслар рекордс]], плановите на Викторија Бекам беа откажани. Бекам е единствената спајсица на која што сите песни и албуми се најдоа на музичките топ 10 листи , а издадее и неколку албуми и песни.
Книги