Ракун — животно сештојадец, ноќен месојадец, кој се одликува со бушава прстенеста опашка и црни образи.
Особености Северноамериканскиот ракун (Lotor) има дебело тело, кратки нозе, истурена муцка и мали исправени уши. Тој е долг 75-90 см, вклучувајќи ја опашката од 25 см, тежок е 10 кг, а неговото густо, грубо крзно е челично сиво до црно. Нозете потсетуваат на тенки човечки раце. Ракуните јадат безрбетници, глодачи, жаби, бобинки, овошјеи плодови; во градовите тие одат на ѓубриштата. Претпочитаат шуми блиску до вода и обично живеат во шуплините на дрвјата. Ракунот што се храни со ракови (P. cancrivorus) од Јужна Америка е сличен, има погрубо крзно.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 70
Исхрана Иако ракуните се ноќни животни тие понекогаш се активни и на ден како би ги искористиле достапните извори на храна. Исхраната им се состои од 40% Безрбетници и 27% ’Рбетници. Иако во пролетта и раното лето во главно се хранат со инсекти, црви и други животни достапни рано во годината, повеќе сакаат овошје, пченка и ореви; тие се појавуваат доцна во летото и во есента и претставуваат богат извор на калории за собирање масни наслаги за зимата.
Наводи
Категорија:Цицачи Категорија:Цицачи на Европа Категорија:Цицачи на Азија Категорија:Цицачи на Северна Америка Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј