Узи е компактно автоматско оружје, кое низ светот се користи за вооружување на полицијата и специјалните вооружени единици. Името го добило по својот конструктор, Узиел Гал, израелски офицер, кој успеал да го развие овој тип на оружје по Арапско-израелската војна во 1948 година. Располага со должина 650mm и со преклоплив метален кундак. Цилиндричната цевка е долга само 260mm. Кога е наполнето со магацин за 25 или 32 куршуми во пиштолски калибар од 9mm, оружјето достигнува вкупна тежина од околу 4 кг. Исто така, узи се изработува и во крајно минијатурни верзии со должина од 460mm (Мини-узи).

Категорија:Оружје Категорија:Автомати (оружје) Категорија:Израелски оружја