Драги Митревски (, Ресенско, ) — македонски археолог, познат по тоа што прв открил монета на Филип Втори во Република Македонија.
Животопис
Митревски е роден е на 15 септември 1957 година во преспанското село Долно Дупени. Средното гимназиско образование го стекнал во Скопје, а смерот Историја на уметноста со археологија го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1982 година, тој се вработил во Музејот на Македонија како кустос - археолог за железно време, а почнувајќи од 1995 година, тој предавал Праисториска археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1990 година, тој магистрирал на Филозофскиот факултет, катедра за археологија на Универзитетот во Белград, на полето на праисториската археологија. Докторатот го стекнал во 1995 година, на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за историја на уметноста со археологија. Од 1997 година, тој престојувал на Бостонскиот универзитет во САД, користејќи ја т.н. Фулбрајтова стипендија за последокторски престој.
Митревки од 1998 година, па до 2001 година, бил директор е на Музејот на Македонија во Скопје, за потоа да стане редовен професор на Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет - Скопје. Од 2007 година, тој бил раководител на Институт за историја на уметност со археологија. Со свои предавања тој учествувал на голем број научни собири и конгреси во Македонија и надвор од неа. Женет е со познатата македонска глумица и политичарка, Валентина Божиновска и имаат една ќерка. Од претходниот брак, тој има две ќерки.
Библиографија
Некропола од железното време во Долно Повардарjе, 1991
Наводи
Надворешни врски
Биографија на МАНД
Категорија:Луѓе од Долно Дупени Категорија:Македонски археолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски археолози Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје