Света Недела — понова селска црква во охридското село Велгошти.
Местоположба
Црквата е сместена на работ во селото Велгошти.
Историја
Камен-темелникот бил осветен и поставен во 1981 година, а црквата била осветена во 1987 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Истата е подигната на место каде што некогаш постоела истоимена постара црква.
Архитектура
Градбата на црквата претставува еднокорабна сводеста базилика со полукружна олтарна апсида и купола.
Фрескоживопис Фрескоживописана е делумно од уметникот Драган Ристески од Охрид, а делумно од Марјан Ристески од село Велгошти.
Галерија
Поврзано Велгошти Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Велгошка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велгошти Велгошти