Вандалски јазик — исчезнат германски јазик, веројатно близок на готскиот. Вандалите, Хаздинзите и Силинзите се населиле во Галеција (северна Португалија и Галисија) и во јужна Шпанија, по примерот на другите негермански народи (Визиготите, Аланите и Свевите), пред да се населат во Северна Африка во 429 г.

За вандалскиот јазик имаме многу оскудни податоци кои главно се состојат од мал број на лични имиња од вандалско потекло во шпанскиот јазик. Името на покраината Андалусија води потекло од Вандалите, а под маварска власт (VI-XV век) регионот се нарекувал „ел-Андалус“.

Во XVI, XVIII и XIX век се верувало дека Словенците во Прекмурје, Шомоѓ и Ваш се потомци на Вандалите. Во документите на унгарски, латински и други јазици, прекмурскиот јазик (дијалектот на унгарските Словенци и Прекмурјето) се нарекувал „вандалски јазик“.Francek Mukič - Marija Kozar: Slovensko Porabje, Mohorjeva družba, Цеље 1982.

Поврзано Прекмурски дијалект Унгарски Словенци Прекмурје

Наводи

Категорија:Источногермански јазици Категорија:Мртви јазици Јазик Категорија:Јазици изумрени во 6 век