thumb|right|350px|Сателитска снимка на Македонија во декември Климата во Македонија се одликува со испреплетување на морските и континенталните влијанија и се судираат благата средоземна со острата континентална клима на многу специфичен начин. Морските влијанија предизвикуват сушно и топло лето, а континенталните влијанија студена и влажна зима.Ангел Лазаревски, Климата во Македонија – врнежите во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 8–9, Скопје, 1971.
Климатски региони и типови
Во Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на средоземната и континенталната клима, регион со континентална клима и регион со планинска клима.
Субмедитеранскиот регион ги зафаќа: Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, каде што најсилно се чувствуваат средоземните климатски влијанија. Во него во одделни години средоземните влијанија се потиснати, но и обратно, постојат години кога средоземните влијанија се чувствуваат по долината на реката Вардар до Скопје, по долината на реката Брегалница до Кочани и по долината на реката Струмица во Струмичко–радовишката Котлина. Регионот на изразена транслатација на континенталната и средоземната клима ги зафаќа Тиквешката, Велешката и Скопската Котлина, Овче Поле, Штипско и Кочанската Котлина, долината на реката Вардар, Струмичко–радовишката Котлина и по долината на реката Црн Дрим во Дебарската Котлина. На север по долината на реката Вардар климатското влијание брзо ослабува.
Регионот на континенталната клима најмногу се чувствува во Преспанската и Охридско-струшката Котлина (каде што се чувствува и влијанието од езерскиот басен), Кичевската, Бродската, Беровско-делчевската, Славишката, Полошката и Пелагониската Котлина.
Регионот на планинска клима ги зафаќа високите планини на Шарскиот и корапскиот планински систем, Јабланица, Баба, Јакупица и сите други високи планини во Македонија. Во нив над 2.200 метри постои вистинска планинска клима или таканаречената алпска клима. За разлика од неа, во сите планини под 1.000 м н.в., кои се определени како ниски планини, владее преодна, од котлинска во планинска клима.Михаило Зиков, Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995.
Во жешкиот топлински појас се јавуваат: екваторска, троска, пустинска и монсунска клима.
Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:
Субмедитеранско подрачје со 50-150 м надморска висина. Умерено континентално-субмедитеранско подрачје со 600 м надморска висина. Топло континентално подрачје од 600 до 900 м надморска висина. Ладно континентално подрачје на висина од 900 до 1.100 м. Подгорско континентално-планинско подрачје на висина од 1.100 до 1.300 метри. Горско континентално-планинско, кое се јавува од 1.300 до 1.650 метри висина. Субалпско планинско подрачје од 1.650 до 2.250 метри висина. Алпско подрачје на висина од 2.250 метри.
Климатски факти: Место Регион Гео. ширина Гео. должина Надм. висина (м) Врнежи (мм) Температура(°C)СкопјеСеверно од Вардарската Долина42° 00’21° 26’245940 13,5КочаниИсточна Македонија41° 50’22° 00’400538 12,9Охридско ЕзероЈугоисточна Македонија41° 03’20° 42’693759 11,4
Климатски податоци за Скопје:Climatic data for Skopje Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов ДекМаксимална температура (°C) 5 10 13 18 23 28 31 30 26 20 10 7Минимална температура (°C) -5 2 5 7 12 16 18 18 15 11 6 -2Врнежи (највисоки просечни во мм) 100 103 113 175 201 123 132 102 109 127 124 141
Наводи