Битка кај Мечкин Камен — една од најголемите и најкрвавите борби во текот на Илинденското востание. Битката се одиграла на 12 август 1903 година кај месноста Мечкин Камен, во близина на градот Крушево.
Повод мини|десно|300px|Знамето на третиот одред на Питу ГулиИванов, Иван, Български бойни знамена и флагове, изд. Св. Георги Победоносец, София 1998 г., „Знамената на освободителното движение и въстанията в Македония и Тракия“
На 3 август 1903 година е прогласена Крушевската република. На 12 август повеќе од десетилјадна армија на Бахтијар паша го опкружува Крушево. На седницата на војводскиот совет е решено сите чети да се повлечат од градот, но војводата Питу Гули го напуштил собранието и одлучил да се бори. Така, од 1.200 четници во градот, само неговите 370 заминале да го бранат.
Борбата мини|лево|150п|Питу Гули Четниците на Питу Гули се утврдиле на Мечкин Камен, скалесто плато на Биринска Планина, која е падина од Баба Планина. Питу Гули пред самата борба одржал говор и заповедал поради ограничените резерви на муниција, да не се пука сè додека Турците не се доближат блиску.
Одредот се поделил на 9 чети, една под команда на Питу Гули, а другите под команда на осум други војводи кои стоеле на чело на селските милиции.
Турците настапувале од три страни - од селата Бирино, Журче и Острилци. Борбата започнала во 10 часот наутро, откако четниците го задржале башибозлукот нападнала редовната армија. Во 19 часа приквечер Мечкин Камен бил опколен и Турците започнуваат со решителен напад.
При нападот загинале најпрво Георги Димев и неговиот заменик Нове Смугрев. Во жестока борба Питу Гули станува и почнува да пука и тој паѓа убиен, борбата продолжила, а војводите Блаже и Грлука со еден дел од четниците успеале да избегаат во длабоката река и да се сокријат во шумата. Во оваа битка загинале 40 комити.
Последици
По победата на Мечкин камен, Турците продолжуваат да го бомбардираат Крушево, а потоа во градот навлегол башибозлукот и редовната војска. Од мирното население загинаале 117 лица - меѓу нив 15 жени, 5 девојки и 6 деца. Околу 150 девојки и жени се силувани. Изгореле 159 куќи и 210 дуќани.
Наводи
Надворешни врски Епопеята на Мечкин камен, Йосиф Разсуканов, вестник „Македония“, брой 31, 5 август 1998 г. Георги Томалевски, „13-те дена на Крушевската република“
Категорија:Битки во Илинденското востание Категорија:Отоманско Крушево Категорија:Воена историја на Македонија