Покрај на окрузи, Унгарија официјално е поделена и на региони. Унгарија е поделена на 7 региони, и тоа на географска основа. Секој од овие региони, се различни еден од друг по нивната културна и демографска историја.
Овие седум региони биле формирани во 1999 година, по законскиот акт 1999/XCII, кој ги заменил претходните од 1996 година 1996/XXI. Во секој од регионите се сместени одредени окрузи, кои се 19 на број како и главниот град Будимпешта, како посебна административна единица во склоп на округот Пешта.
Список на регионите:
лево|400п
Име на регионотАдминистративен центар Површина (км2)НаселениеГустина(/км2)Северна УнгаријаМишколц13.4281.289.00096Голема северна котлинаДебрецин17.7491.554.00088Голема јужна котлинаСегед18.3391.367.00075Централна УнгаријаБудимпешта69192.825.000408Централен прекудунавски регионСекешфехервар11.2371.114.00099Западен прекудунавски регионЃер11.2091.004.00090Јужен прекудунавски регионПеч14.169989.00070
На Северна Унгарија и припаѓаат окрузите Боршод-Абауј-Земплен, Хевеш и Ноград. На Северната голема котлина и припаѓаат окрузите Хајду-Бихар, Јас-Наѓкун-Солнок и Саболч-Сатмар-Берег. На Јужната голема котлина и припаѓаат окрузите Бач-Кишкун, Бекеш и Чонград. На Централна Унгарија и припаѓаат окрузите Пешта и главниот град Будимпешта. На Централниот прекудунавски регион му припаѓаат окрузите Комаром-Естергом, Фејер и Веспрем. На Западниот прекудунавски регион му припаѓаат окрузите Ѓер-Мошон-Шопрон, Ваш и Зала. На Јужниот прекудунавски регион му припаѓаат окрузите Барања, Шомоѓ и Толна.
Категорија:Административна поделба на Унгарија