Знамето на Аџарија е официјалното знаме, покрај грузиското, во оваа автономна грузиска република. Знамето е составено од седум ленти, четири во сина боја и три во бела боја. Во горниот лев агол се наоѓа знамето на Грузија. Сините ленти го симболизираат Црното Море, додека белите ленти чистотата. Ова знаме било усвоено на 20 јули 2004 година.

Поранешни знамиња

Извор Знамиња во светот

Поврзано Грб на Аџарија Грузија Знаме на Грузија

Категорија:Национални симболи на Грузија Категорија:Аџарија