За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница thumb|220px|Насловната на „Илинденски пат“ Илинденски пат бил орган на Народноослободителниот фронт на Македонија, прво месечно централно списание од времето на НОБ. Се печател во Дебрца, с. Ехлоец, Кичевско и Штип од март до август 1944 година.Д-р Боро Мокров, „Развојот на македонскиот печат и новинарство (од почетоците до 1945 година)“, Скопје, 1980, 426-428 стр. Било покренато од ЦК на КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Дебрца, кон крајот на 1943 година, но излегувањето било спречено од германската офанзива. Првиот троброј бил отпечатен во Дебрца, бр. 4 и двобројот 5 и 6 (од кој не е зачуван примерок) во с. Ехловец, Кичевско, а двобројот 7 и 8 (јули и август 1944) во печатницата „Илинден“ во Штип. Првите шест броја биле умножени во мал број примероци на циклостилната техника на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, а потоа, според потребите, биле препечатувани од техниките на обласните комитети на КПМ.
Редакцијата ја сочинувале Страхил Гигов, Васил Ивановски и Веселинка Малинска, а кратко време и Кочо Рацин. Автори на текстовите биле Бане Андреев-Ронката, Љупчо Арсов, Диме Бојановски-Дизе, Васил Ивановски, Перо Ивановски-Тиквар, Венко Марковски, д-р Кирил Миљовски, Мара Нацева, Лилјана Чаловска, Емануил Чучков и други.Д-р Боро Мокров, м-р Томе Груевски, „Преглед на македонскиот печат (1885-1992)“, Скопје, 1993, 125 стр.
Наводи
Надворешни врски „Илинденски пат“, број 7-8, Викиизвор „Илинденски пат“, број 7-8
Категорија:Македонски списанија Категорија:Македонија во НОБ