Битка кај Сента — воен судир помеѓу Османлиското Царство од една и силите на Австрија и Светото Римско Царство од друга страна, на 11 септември 1697 година кај Сента, денеска во Србија. Битката е дел од Големата турска војна. Австриската војска, која била под команда на Евгениј Савојски им нанела тежок пораз на Османлиите кои биле под команда на султан Мустафа II.

Битката кај Сента претставува пресвртна точка во вековната борба против Османлиите во Централна и Југоисточна Европа. Благодарение на победата дошло до Договорот од Карловци (1699), со кој биле поразени еднаш засекогаш османлиските амбиции за освојувањето на Виена и преку неа и на Средна Европа. Како резултат на битката се променил за првпат билансот на силите во Југоисточна Европа во корист на христијанските држави против Османлиското Царство, која им овозможила на европските монархии своите амбиции да ги насочат кон југоисток односно Балканот, Цариград, Црно Море. За првпат од времето на крстоносните војни, насоката на освојувања трајно се насочила повторно од запад кон исток, а не обратно. Сепак, победата сама по себе не била доволна. Потребно било да се развие иницијативата за делување, а кое било овозможено преку Австриско-турската војна (1716-1718). По оваа битка во дипломатијата се поставуил терминот "источно прашање".

Во 90-тите години на XVII век, Османлиите закрепнале од големиот пораз кај Виена. Главна заслуга за тоа имала француско-австриската војна. Во 1697 година султанот проценил дека среќата е повторно на нивна страна по кое следувало влегување на унгарска територија.

Во текот на воената кампања во 1697 година, османлиската армија одлучила да се префрли за призимуване на исток преку Тиса во Темишвар, немајќи податоци дека во близина се наоѓа австриската војска. Австрискиот принц решил да нападне. По 167 години, Унгарија повторно поминала трајно под христијанска власт по Мохачката битка од 1526 година. На страната на Австрија имало загинато околу 500 војници наспроти 30 000 османлиски војници заедно со 87 топови и богатства во неговиот камп. По оваа битка Австријците изненадувачки преминале во Босна и го запалиле градот Сараево.

Наводи

Категорија:Судири во 1697 година Категорија:Европа во 1697 година Категорија:Битки на Австрија Категорија:Битки во Големата турска војна Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Светото Римско Царство Категорија:Битки на Србија Категорија:Битки на Хрватска Категорија:Битки на Унгарија Категорија:Историја на Војводина Категорија:Отоманското Царство во 17 век Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни