Првата битка кај Ороник се одвила за време на Албанско-венецијанските војни од 1447-1448 година, кога Венецијанската Република стапила во сојуз со Османлиското Царство против Лешката лига. Албанските сили ја поразиле османлиската армија која бил предводена од страна на Мустафа Паша. По два месеци бил склучен договор помеѓу Венеција и Албанија.

И покрај тоа што османлиската армија била многу побројна, броела околу 15,000 војници, сепак силите на Скендербег успеале да им нанесат пораз на муслиманите. Во битката биле убиени околу 3.000 војници, вклучувајќи и дванаесет високи функционери. По битката бил склучен договор. Мустафа Паша во битката бил заробен, за да подоцна неговата слобода биде откупена со 25.000 дукати.Scanderbeg: From Ottoman Captive to Albanian Hero by Harry Hodgkison, page 89

Наводи

Категорија:Скендербег Категорија:Војни на Отоманското Царство Категорија:Војни на Албанија Категорија:Судири во 15 век Категорија:Албанија во 15 век Категорија:Европа во 1448 година