Свети Илија — манастирска црква во скопското село Говрлево. Се наоѓа североисточно од селото, на ритчето Илино Брдо, пошумено со дабови дрвја. Најстариот објект потекнува од средниот век, додека во 30те години на XX век е подигната црква на истите темели. На 2 август 2008 година поставени се нови темели за проширување на црквата, со што истата ќе добие поголеми димензии. Традиционално секоја година во дворот на црквата се слави Илинден. Црквата била цел на кражби.
Галерија
Поврзано Говрлево
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Говрлево Категорија:Цркви во Скопје Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Сопиште Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од средниот век