Свети Никола — главна селска црква во тетовското село Теново, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на старата џамија.

Историја

Според натпис над споредниот влез, црквата е подигната во 1920 година.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна со поголема димензија, со полукружна апсида на источната страна и галерија на кат на западната страна. Засведена е со полуобличест свод во чиј средишен дел има купола со шестаголен тамбур. Влезот е од јужната страна преку отворен трем со два предни ѕидани столба, а над тремот се наоѓа четирикатна камбанарија. Црквата е целосно малтерисана и варосана во бела боја, а релјефните украси со окер боја се поставени околу прозорските отвори и на влезните тремови.

Фрескоживопис

Црквата има делумен фрескоживопис, кој бил насликан од 1920 до 1924 година. Застапен е меѓу и над прозорските отвори од јужниот и северниот ѕид, во куполата и делумно во олтарот. Таванот е покриен со дрвена ламперија. Sидно сликарство е застапено и во долната зона на камбанаријата. Автори на живописот се зографите Крсте Николов Колоски и неговиот син од Лазарополе.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Теново

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Никола во Македонија