thumb|Франкфуртското сајмиште, 2007 г. Франкфуртскиот автосаем (герм. Internationale Automobil-Ausstellung или IAA) е најголемиот автосаем на светот. Се одржува на секои две години во Франкфурт, Германија.

Саемот го организира Здружението на автопроизводителите на Германија. Од 1992 г. наваму саемот е поделен на два дела: во парни години се изложуваат стопански возила во Хановер, а во непарни се исложуваат патнички возила (и некои мотоцикли) во Франкфурт. Распоредот го прави Меѓународната организација на автопроизводители.

Историја

1897: Првата мала изложба организирана во хотел во Берлин 1923: Се појавуваат дизел камиони 1921-1926: Нема учесници од странство заради Првата светска војна 1939: пред Втората светска војна се појавува Фолксваген (подоцна Фолксваген „Буба“) 1950: Прв повоен Франкфуртски автосаем 1951: Саемот се сели во Франкфурт 1965: Прв јапонски автомобил на саемот 1971: 45-тиот саемот бил откажан од политички побуди, со цел да се спречи прекумерното купување на патнички автомобили 1975: 46-ти саем, со околу 800.000 посетители 1977: Прв автомобил со турбокомпресор во редовно производство (Сааб 99 Комби Купе). 2003: Хонда го изложува нивниот прв 2.2 Л i-CDTi турбодизел мотор со моделот Хонда Акорд 2007: Субару го претставува првиот хоризонтален четириклипен турбодизел мотор

Следен саем 2011: 64-ти Франкфуртски автосаем од четврток, 15 септември - недела 25 септември 2011; Денови за печатот: 13 + 14 септември 2011; Продажни денови: 15 + 16 септември 2011.

Наводи

Истоимена статија на германската Википедија

Надворешни врски

Официјална страница

Автосаем Категорија:Автосаеми Категорија:Електрични возила