Македонско-руски односи — надворешни односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Овие односи се одликуваат со високо ниво на соработка меѓу двете земји.Interview of President Gjorge Ivanov with ITAR-TASS Macedonian Information Agency. 19-04-2010
мини|лево|180п|Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и рускиот претседател Димитриј Медведев на парадата за Денот на слободата во Москва во 2010 година
Русија ја признала Република Македонија на 4 август 1992 година, по една година откако земјата прогласила независност од Југославија во септември 1991 година. Русија била првата голема сила во светот која ја признала независноста на Македонија под нејзиното уставно име — Република Македонија, факт кој е многу ценет во Македонија.Macedonian Information Agency 'Macedonia, Russia mark 15 jubilee of diplomatic ties' Дипломатски односи биле воспоставени на 31 јануари 1994 година. Помеѓу 1994 и 2009, Македонија и Русија потпишале над 40 спогодби.
На 6 октомври 1994 година, Владата на Руската Федерација донела Одлука за трансформирање на Претставништвото на Русија во Скопје, во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. На 27 јануари 1998 година Претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија, во Москва, ја потпишале Декларацијата за пријателство и соработка меѓу двете земји. На 22 мај 2002 година, во Битола бил свечено отворен Почесен конзулат на Руската Федерација.
По повод 65-годишнината од победата во Големата татковинска војна, македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 9 мај 2010 година бил во посета на Москва каде се сретнал со рускиот претседател Димитриј Медведев.
Една од најголемите руски инвестиции во Македонија е Лукоил.
Наводи
Надворешни врски Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија