Црвена Ѕвезда бил македонски весник, орган на Македонската ослободителна организација (МОО) за Воденскиот округД-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печати новинарство (од првите почетоци до194 5 година), Скопје, 1980, 452-453. Тоа е прв весник на македонски јазик (воденски дијалект, но со грчка азбука) во Егејскиот дел на Македонија. Излегувал во периодот од летото 1942 до октомври 1943 годинаД-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 150-151. Го уредувал Вангел Ајановски-Оче, а насловната страница ја илустрирал Гркот Андреас Андроникас. Бил умножуван на шапирограф на илегалната техника на Окружниот комитет на КПГ за Воденско. Објавени се повеќе од 20 броја, во тираж до 150 примероциТодор Симовски, Некои моменти од националноослободителната борба на Македонците од Егејска Македонија, Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија, Скопје, 1973, 220 - 221. По забраната на МАО од страна на КПГ, весникот престанал да излегуваВангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт на развојот на работничкото, комунистичкото и националноослободителното движење во Македонија во Воденско, ракопис во АОИНИ, Скопје, 82.

Наводи

Категорија:Грчки весници Категорија:Грчка граѓанска војна Категорија:Егејска Македонија