Зоран Милутинов Стојановски (Томино Село, Порече, ) — македонски психолог и универзитетски професор.Филозофски факултет 1946–1976,Скопје, 1976, 77
Животопис Стојановски е роден во Томино Село, Порече на 28 октомври 1937 година. Образование завршил во Долни Манастирец, а Учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1965 година, а магистрирал во Центарот за мултидисциплинарни студии во Белград во 1975 година. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1986 година. Работел како психолог во Заводот за вработување во Куманово и како советник во Републичкиот завод за унапредување на воспитанието и образованието. За асистент на Филозофскиот факултет, тој бил избран во 1971 година, а бил редовен професор почнувајќи од 1992 година.Филозофски факултет:1976–1996, Скопје, 1996, 91 Изведувал настава по предметот Педагошка психологија на Филозофскиот и на Педагошкиот факултет во Скопје, и на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола. Бил раководител на Институтот за психологија, продекан на Филозофскиот факултет и проректор за настава и наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Библиографија Објавил повеќе од осумдесет научни и стручни трудови од областа на психологијата на образованието и училишната психологија. Изработување и користење на неформални тестови на знаења, 1973; Тестови на знаење, 1988; Социјалниот статус на учениците и личните особини, 1988; Векслеров поединечен тест на интелигенција за македонската популација, 1989; Inventory of European Longitudinal Studies in the Behavioural and Medical Science, 1990.
Наводи
Надворешни врски Зоран Стојановски на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()
Категорија:Луѓе од Томино Село Категорија:Македонски психолози Категорија:Југословенски психолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје