Драгославеле () — општина во округот Арџеш во јужна Романија, во која живеат 2.549 жители. Општината се наоѓа во Влашка, на самата граница со Трансилванија. Местото е значајно и поради големиот број на пансиони, кои се наоѓаат во него, со што претставува важна попатна станица во регионот.
Географија Драгославеле се наоѓа на падините на Јужните Карпати, на брегот на реката Дембовица.
Историја Уште од средниот век, па сè до 1914, местото било значајна точка на границата меѓу Влашка и Хабсбуршката монархија (по 1867, Австроунгарија). За време на Првата светска војна, поточно во октомври 1916, околината на Драгославеле била поле на крвави борби меѓу романската и германската војска.
Наводи
Категорија:Арџеш (округ) Категорија:Општини во Романија