Арџеш () — округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Питешт, а значајни градови се и Курта де Арџеш и К’мпулунг.
Географија Местоположба мини|десно|200п|Предел од јужниот дел на Арџеш Округот Арџеш е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Брашов; на исток со: Д’мбовица; на југ со: Телеорман; на југозапад со: Олт; на запад со: Валча; на северозапад со: Сибињ.
Релјеф Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна покраина Мунтенија. Низ округот тече реката Арџеш, по која округот го добил и името. Северниот дел на Арџеш има планински карактер, каде се простираат Карпатите, во средишниот дел се простираат шуми, кои ко јужниот дел постепено преминуваат во Влашката Низина.
Демографија Арџеш спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, етничкиот состав во округот го сочинуваат: Романци - 96%Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie" Роми и други.
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела: Година НаселениеДржавен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" 1948 448.964 1956 483.741 1966 529.833 1977 631.918 1992 681.206 2002 652.625
Стопанство Округот Арџеш е едн од најразвиените индустриски региони во Романија. Во него има рафинерија за нафта, а во Миовени, односно К’мпулунг се наоѓаат седиштата на автомибилските производители „Дачија“, односно АРО.
Од индустриските гранки, најразвиени се: автомобилската индустрија; хемиската индустрија; производството на електрична опрема и апарати за домаќинството прехранбената индустрија; текстилната индустрија; и производството на градежни материјали.
Нафтата се исцрпува во средишниот и во јужниот дел на округот. Во округот има и рудници на јаглен, а во близина на Миовени се наоѓа центар за јадрено истражување и производство на јадрено гориво за потребите на атомската централа во близина на Чернавода. По течението на реката Арџеш распоредени голем број на хидроцентрали, од кои најзначајна е хидроцентрљлата Видрару, со соодветната брана.
Ридестите предели во округот се погодни за одгледување на овошје, а во овие предели се произведува и вино, а јужниот дел е погоден за одгледување на жито.
Туризам Глаавни туристички одредишта во округот се: градот Питешт; градот Курта де Арџеш, во чијашто близина се наоѓа манастирот Курта де Арџеш; пределот меѓу градовите К’мпулунг и Рукар; Прекуфагарашкиот пат на Фагарашките Планини; планината Леата; дворецот Појенари; и манастирот Котмана.
Административна поделба Округот е поделен на 3 општини, 4 градови и 95 општини.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година