thumb|250px|Статуа на Свети Петар. Свети Петар бил првиот папа. Статуата била изработена во времето на Папа Пиј IX.
Историјата на папството ја претставува духовната и временската улога на папите во текот на повеќе од 2.000 години, односно од доаѓањето на Свети Петар во Рим, па сè до ден денешен. Папството е претставувано од страна на папата. Во прилог на неговата улога, тој е духовен шеф на Римокатоличката црква како и државна глава на Ватикан, независна и суверена град-држава која се наоѓа во Рим.
Во принцип, нема официјален список на папи, но сепак Папскиот годишник (Annuario Pontificio) содржи список според кој вкупниот број на папи до денеска изнесува 265. Во 2001 година била направена религиозна студија од страна на Римокатоличката црква за историја на папството. Врз основа на истите податоци, на папскиот стол се качиле вкупно 265 папи, а 267 е вкупната листа според хронологијата на папството. Разликата се гледа во фактот што папата Бенедикт IX бил трипати избиран за папа во периодот од 1032 до 1048 година.
Историски, временската улога на папството може да се подели на три главни периоди: создавањето односно почетоците на црквата, среден век и модерната ера. Во времето на раната црква, папата служел само како епископ на христијанската црква во Рим. Дури и во таа духовна улога, неговата улога била оспорувана за тоа дали патријарсите биле потчинети на епископот на Рим.
Вториот временски период од историјата на папството започнува од IV век до создавањето на Кралство Италија и запленувањето на папската земја од страна на државата во 1870 година. Во текот на средниот век, папството ја постигнал својата висина на моќ, консолидација и унифицирање на црквите во Западна Европа, по кое биле проширени териториите на католичката религија. Но, во текот на средниот век се случила и Големиот раскол која довела до поделба на црквата на источна и западна односно византиска и католичка. Освен тоа, во текот на средниот век настапила и протестантската реформација која довел до уште еден раскол на црквата.
Модерната историја на папството започнала кон XIX век. Во текот на тој период до денес, папата главно се фокусирал на неговата улога како духовен поглавар на Римокатоличката црква.
Католиците папата го признаваат како наследник на Свети Петар, кој според христијанската библија бил познат по прекорот карпа односно камен., 880-884"St. Peterhttp://en.wikipedia.org/w/index.php?title=History_of_the_Papacy&action=edit, The Catholic Encyclopedia Иако Петар во текот на својот живот никогаш не бил наречен со таа титула, сепак католиците го признаваат како прв папа.Wilken, p. 281, quote: "Some (Christian communities) had been founded by Peter, the disciple Jesus designated as the founder of his church. ... Once the position was institutionalized, historians looked back and recognized Peter as the first pope of the Christian church in Rome" Сепак, денеска не постојат доволно докази според кои се смета дека апостол Петар бил прв епископ на Рим.Second Vatican Council, Lumen Gentium, 22[http://www.vatican.va/holy_father/john_paul_ii/audiences/alpha/data/aud19921007en.html Pope John Paul II, Talk on 7 октомври 1992Avery Dulles, The Catholicity of the Church, Oxford University Press, 1987, ISBN 0-19-826695-2, page 140
Во времето на реформацијата, прашањето околу потеклото на папството било од витално значење за сите христијански цркви. Некои протестантски теолози сметале дека Петар никогаш не бил во Рим. Така, римскиот живот и смртта на Петар е измислена. Други сметаат пак дека апостол Петар бил погребан во Александрија, денешен Египет или во Антиохија.Josef Burg Kontrover-Lexikon Fredebeul&Coenen, Essen, 1903 595 Сепак, денеска овие тврдења не се многу популарни во религиозниот свет. Традиционалните римокатолички погледи се дека апостол Петар живеел во Рим каде што и починал.
Рано христијанство
Апостол Петар и потеклото на папството right|thumb
Околостите околу животот и смртта на Апостол Петар, како и неговата точна локација на неговите останки во голема мера денеска остануваат мистерија. Во времето на раното христијанство, раните христијани не оставиле голем број на пишани документи. Најголемата документација околу христијанската заедница во Рим како и активностите и мисионерството на Петар се наоѓаат во Ватикан.Burg 605
Климентовото Писмо кое било напишано во 96 година го потврдува страшниот прогон на раните христијани од РимGröber, 510.
Попради исправените посланија и неговите христијански убедувања, Свети Игнатиј Антиохиски бил осуден на смрт од страна на Римјаните Годините помеѓу 166 и 176 година, бискупот од Коринт, Дионисиј изјавил дека апостолите Апостол Павле и Петар биле во градовите Коринт и Рим, каде што го проповедале Евангелието.Gröber 511 Во околу 190-200 година, римскиот свештеник Гај пишува околу одбрната на својата христијанска вераRoman priest, Caius, refers to the tombs of SS. Peter and Paul : "I can show you the trophies tombs of the apostles. If you go to the Vatican or on the road to Ostia you will see the trophies of those who founded this churchGröber 511-512 за Ирениј (починал 202), кој го потврдил основањето на Римокатолилчката црква од страна на Петар и Павле.Gröber, 512
Библиски теории
За разлика од историските погледи околу потеклото на папството и околностите за животот на Петар во Рим кои не се целосно документирани, библиските темели од Новиот завет дава целосна слика за тоа. Според Новиот завет, во сите евангелија апостол Петар е сметан како водач над сите останати апостоли. Во евангелијата на Матеј, Лука, Јован и Марко исто така се споменува Петар како водач над сите апостоли, како прв ученик кој бил повикан од Исус.Duffy,3
Околу догмата и според традицијата на Римокатоличката црква за нејзиното основање, таа пред сè се потпира врз изводите од Библијата во Евангелието на Матеј:
Но, оваа послание кон Петар не се манифестирало само во оваа понуда. По воскреснувањето, Исус Христос го поверил Петар како “мандатор“ за распространување на новата вераhttp://www.mkbible.net/biblija/index.php(Јован, 21:15). Во Евангелието на Лука се вели:
Сепак, некои некатолички научници сметаат дека Исус не планирал да формира црква која ќе владее над сите.K Weiss Exegetisches zur Irrtumslosigkeit in Neutestamentliche Abhandlungen, 1916, 4,5
Православен поглед
Православните теолозите се согласуваат дека во Матеј 16:18, фразата "камен или карпа" најверојатно лично се однесува на апостол Петар. Некои православни научници Петар не го гледаат како водач над останатите апостоли, тврдејќи дека Петар не поседувал толкава моќ и власт за време по распнувањето на Исус.
Православните историчари, исто така сметаат дека одењето на апостол Петар во Рим и неговото проповедење не претставувал главен фактор за решавањето на христијанското прашање. Православните христијани исто така сметаат дека градот Рим не треба да ја има т.н. апсолутна власт над христијаните бидејќи светата престолнина е градот Ерусалим, којшто во исто време треба да се сета и како “мајка на сите цркви“. Освен ова, епископот на Антиохија исто така би требало да се признае како директен наследник на апостол Петар бидејќи Петар бил првиот епископ на Антиохија, место каде била основана една од најраните христијански цркви.
Приматот на Рим
Во почетокот на развојот на христијанството историјата на христијанството, пет градови се појавиле како важни центри на христијанството: Ерусалим, Антиохија, Александрија, Цариград и Рим како единствен центар на западот на Европа. Овие пет градови ја претставуваат т.н. христијанска пентархија.
Моќта на Епископот на Рим се зголемила заедно со намалувањето на моќта на империјата. Преку едиктот на Теодосиј II и на Валентинијан III, римскиот епископ бил прогласен за “ректор на целата црква“. Царот Јустинијан I, кој потекнувал од Источната римска империја, во VI век објавил слична уредба. Во текот на VI век, моќта на папата се зголемила како никогаш дотогаш..D'Aubigne, Book I, p. 81.
Империјалната ера: 42-395 thumb|right|float|250px|
Почетокот на папите и легализација
Голем број на папи во првите три векови од христијанската ера претставуваат нејасни фигури. Поголем дел од нив се прогласени за маченици, во периодот на христијанските прогони. Христијанството успеало да одолее на нападите на царот Диоклецијан, но не само тоа, туку успеало да привлече голема маса на народ. Христијанството за првпат било легализирано во времето на царот Галериј, кој го издал указот за толеранција на сите религии, вклулувајќи го и христијанството, во април 311 година.De Mortibus Persecutorum ("On the Deaths of the Persecutors", chapters 34, 35) Царот Галериј во 311 година бил еден од последните императори кои извршиле прогон на христијанското население од империјатаLactantius, De Mortibus Persecutorum ("On the Deaths of the Persecutors") ch. 35–34. Константин I Велики и Лициниј во 313 година го издале т.н. Милански едикт, со кое христијанската вера се прогласила за рамноправна религија во империјата. Константин станал првиот христијански император кој според некои историчари, лично ја прифатил новата религија. До 391 година, во времето на владеење на царот Теодосиј I, христијанството станало најраспространета религија во Римското Царство.
Промени во структурата на црквата
По Миланскиот едикт, црквата ја усвоила владината структура на црквата во рамките на империјата: со географските провинции владееле епископи. Рим не бил единствениот град кој можел да игра специјална улога во црквата. Ерусалим имал голема улога во тој период, како место на распнувањето и воскреснувањето на Исус, место каде што за првпат наследниците на Исус биле наречени христијани, и место каде се одржал Ерусалимскиот собор на апостолите. Цариград станал многу важно место за империјата и црквата по преместувањето на престолнината на империјата од Рим во времето на Константин Велики во 330 година.
Папа Милтијад и неговите наследници
Папа Милтијад бил римски папа во периодот од 10 јули 310 до 10 или 11 јануари 314 година. Тој е првиот папа по крајот на прогонувањето на христијаните по подпишувањето на Миланскиот едикт во 313 година. Црквата Свети Јован Латерански станала седиште на епископијата во Рим. Во 313 година се одржал Латерански синод во Рим, по налог на царот.
Папа Силвестер I (313-335), во времето на Константин Велики, ја изградил големата катедрала во Рим, денес позната како Света Кроче ин Герусалем. Првиот вселенски Собор се одржал во 325 година, во Никеја, Мала Азија, денешна Турција. На тој собор бил формулиран карактерот на папството. Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на Господ Исус Христос во однос на неговата врска со Отецот, односно дали Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. Од овде произлегло и Аријанството, чиј водач Ариј не се согласувал во поглед на истото прашање.
Во времето на Папа Либериј (352-366), аријанскиот конфликт помеѓу царот и папата кулминирал со соборот во Арлес (353), свикан од Констанциј II, каде бил осуден донатизмот.Kühner Coelestin, Siricius Во практика, папата не учествувал на вселенскиот собор. Во времето на папа Дамас I (366-384) спорот околу аријанизмот бил решен во полза на папската позиција. Папата ги отворил катакомбите кои биле затворени во времето на Диоклецијан. Во времето на папа Сирициј (384-399) биле напишани првите пишани папски декрети за црковната дисциплина. Во времето на папа Целестин I, африканските епархии станале црковни единици на римската епархија. Во текот на V век, епископот на Рим започнал да го проширува своето влијание над останатите епископии.
Византиско папство
Византиското папство е период на владеење на т.н. византиски папи од 534 до 752 година, период кога папите биле избирани со одобрување на царот во Цариград. Историски, царот Јустинијан I италијанскиот полуостров го зазел по Готската војна.
Среден век
Клучни датуми
496: Кловис I, паганскиот крал на Франките ја прифаќа католичката вера.