Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2010 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Најуспешна нација на игрите била Канада, која освоила 14 златни од вкупно 26 медали, поставувајќи нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни Зимски олимписки игри. Олимписката репрезентација на САД освоила 37 медали, со што поставила рекорд по бројот на вкупно освоени медали.

Најуспешен натпреварувач била норвешката скијачка Марит Бјорген, која освоила три златни, еден сребрен и еден бронзен медал.

Список на земји мини|десно|200п|Медали од игрите Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

1 14 7 5 26 2 10 13 7 30 3 9 15 13 37 4 9 8 6 23 5 6 6 2 14 6 6 0 3 9 7 5 2 4 11 7 5 2 4 11 9 4 6 6 16 10 4 1 3 8 11 3 5 7 15 12 2 3 6 11 13 2 1 0 3 14 2 0 4 6 15 1 3 2 6 16 1 1 3 5 17 1 1 1 3 17 1 1 1 3 19 1 0 0 1 20 0 3 2 5 21 0 2 1 3 21 0 2 1 3 23 0 2 0 2 24 0 1 4 5 25 0 1 0 1 25 0 1 0 1 Вкупно 86 87 85 258

Поврзано Зимски олимписки игри 2010

Белешки Во поединечната трка за мажи во биатлон биле доделени два сребрени медали, бидејќи Оле Ејнар Бјорндален од Норвешка и Сергеј Новиков од Белорусија имале исто време на целта, така што бронзен медал не бил доделен.

Надворешни врски

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010, официјално мрежно место

Категорија:Зимски олимписки игри 2010 2010