Базиликата Канделарија (шпански: Basílica de Nuestra Señora de la Candelaria) е базилика која се наоѓа во Канделарија, островот Тенерифе, Шпанија. Храмот е посветен на Богородица Канделарија.
Храмот се наоѓа на околу 20 милји од главниот град Санта Крус де Тенерифе. Секоја година, на 14 и 15 август во овој храм доаѓаат голем број на верници бидејќи датумот е поврзан со патронатот на градот, девица Канделарија која е светец заштитник на Канарските Острови., а како таква била прогласена во 1596 година од страна на кралот Филип II од Шпанија. Во исто време кралот христијанскиот храм го прогласил како Кралско светилиште на Канделарија.
Базиликата е дизајнирана од страна на архитектот Хосе Енрике Мареро Регаладо.Basilica de Candelaria - Wikipedia Spanish Versión Базиликата има капацитет од 5,000 верници кое означува дека е една од поголемите во Шпанија. Изградбата на денешниот објект започнала во 1949 а завршшила во 1959 година.
Храмот беше прогласен од Папа Бенедикт XVI, како Мала Базилика на 24 јануари 2011 година и официјално ги објави на 2 февруари истата година, се совпадна со празникот на Канделарија.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Basílica de Nuestra Señora de Candelaria The Black Madonna: Virgin of Candelaria
Категорија:Цркви од 20 век Категорија:Римска архитектура Категорија:Тенерифе Категорија:Базилики во Шпанија Категорија:Цркви во Тенерифе Категорија:Светилишта на Богородица Марија