Чакра (изведено од санскритското चक्रं; кинески: 轮, тибетски: འཁོར་ལོ་; khorlo) е санскритски збор кој се преведува како „тркало“ или „вртење“.Paramhans Swami Maheshwarananda, The hidden power in humans, Ibera Verlag, страна 54. ISBN 3-85052-197-4

Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои според традиционалната индиска медицина се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата“ или спирали со енергија, кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергии. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина), во енергетското тело.

Чакрите најчесто се претставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на полупречници го делат кругот на делови, со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња.

Голем дел од оригиналното учење за чакрите, потекнува од Упанишадите, за кои е тешко да се сретнат во одреден период, бидејќи се смета дека се пренесувале усно околу илјадници години пред да бидат запишани за првпат во периодот од 1200 до 900 г.п.н.е.

Дефиниции десно|мини|Слика на јоги на која се гледаат седумте чакри. Доцен 18 век

Парамахан Свами Махешварананда го опишува поимот чакрата како:

енергетска фабрика, според начинот на кој ја собира и складира енергијата, со тоа што енергијатa од космосот многу посилно се влече од овие точки. Главните – нади, Ида, Пингала и Шушумна (симпатички, парасимпатички и централен нервен систем) се протегаат вдолж ‘рбетниот столб во искривена патека и се вкрстуваат една со друга неколкупати. Во точките на пресекување тие формираат силни енергетски точки познати како чакри. Во човечкото тело има три видови на енергетски центри. Подолните чакри или животинските чакри се наоѓаат во делот помеѓу прстите на нозете и карличната област кои укажуваат на нашето еволуционо потекло од животинското царство. Човечките чакри се протегаат вдолж ‘рбетниот столб. И на крај, вишите или возвишените чакри се наоѓаат на врвот на ‘рбетот и на круната на главата.

Анодеа Џудит дава помодерно објаснување за чакрите:

За чакрата се смета дека претставува центар на активност која, ја прима, акумулира и изразува животната енергија. Зборот чакра буквално се преведува како тркало или диск и се однесува на сфера на биоенергетска активност која се врти и произлегува од големиот нервен ганглион кој напред се поврзува со ‘рбетниот столб. Општо земено, шест од овие чакри се опишани, поставени во енергетска колона која се шири од основата на ‘рбетот до средината на челото. А седмата е над телесната област. Шесте главни чакри се поврзуваат со основната состојба на свест.

Сузан Шумски го поддржува ова мислење:

За секоја чакра во ‘рбетниот столб се смета дека влијае, а дури и ги предводи телесните функции близу своето место кај ‘рбетот. Повеќето луѓе мислат дека чакрите се плод на бујната фантазија, поради фактот што тие не се откриваат при аутопсија. Сепак, нивното постоење е потврдено во традиите на далечниот исток.

Чакрите, како што се опишани погоре, се енергетски центри вдолж ‘рбетот кој се наоѓаат на големите гранки на човековиот нервен систем, започнувајќи од основата на ‘рбетниот столб и движејќи се нагоре до горниот дел од скелетот. За чакрите се смета дека се точки или центри на биофизичка енергија или прана на човечкото тело. Шумски тврди дека „прана е основниот дел од нашето енегетско тело, нашето енергетско поле и на целиот чакра систем [...] клучот на животот и изворот на енергија во универзумот“.

Следните седум основни чакри најчесто се опишуваат како:

Муладхара (санскрит: मूलाधार, Mūlādhāra) Основна или Коренска чакра (јајчниците/простата) Свадистана (санскрит: स्वाधिष्ठान, Svādhiṣṭhāna) Сакрална чакра (на последната коска на ‘рбетниот столб - *coccyx*) Манипура (санскрит: मणिपूर, Maṇipūra) Сончева плексус чакра (папочната област) Анахата (санскрит: अनाहत, Anāhata) Срцева чакра (срцевата област) Вишуда (санскрит: विशुद्ध, Viśuddha) Грлена чакра (областа кај грлото и вратот) Аџна (санскрит: आज्ञा, Ājñā) Веѓа или Трето Око (епифизна жлезда или трето око) Сахасрара (санскрит: सहस्रार, Sahasrāra) Крунеста чакра (на врвот на главата, „мекото место“ кај новородените)

Чакрите во главата, од најниска до најгорна се: голата, талу/талана/лалана, ајна, талата/лалата, манас, сома, сахасрара (и шри внатре во неа).

Потекло на поимот

Прегледот на Батачарajва за тантричката историја вели дека зборот чакра означува неколку различни работи во санскритските извориBhattacharyya, N. N., History of the Tantric Religion. Second Revised Edition. (Manohar: New Delhi, 1999) pp. 385-86. ISBN 81-7304-025-7:

„Круг“, во повеќе смисли означува непрекинато вртење на шакти Круг на луѓе. Во ритуалите има повеќе cakra-sādhanā во кои луѓето се собираат и изведуваат обреди. Според Нирутаратантра, чакрите во смисла на собири се од 5 вида. Терминот чакра исто така означува и вантри или мистични дијаграми, пошироко познати како trikoṇa-cakra, aṣṭakoṇa-cakra итн. Различни нервни центри во телото.

Во будистичката литература санскритскиот термин чакра (на пали – cakka) се користи во поинаква смисла на „круг“, при што се мисли на будистичката претстава со 4 кругови или состојби на постоење, во кои божествата или луѓето може да се пронајдат себеси.Edgerton, Franklin. Buddhist Hybrid Sanskrit Grammar and Dictionary. Volume II. p. 221. Motilal Banarsidass Publishers: Delhi, 1953. Reprint edition, Delhi, 2004, ISBN 81-208-0999-8. E.g., .

Модели

Учењето за чакрите е главно во мноу различни терапии и дисциплини. Нематеријалната енергија се истражува во многу дисциплини како ароматерапијата, мантрите, Реики, масажите, цветни есенции, зрачењата, терапијата со звук, терапијата со бои/светлина, терапијата со кристали( камен) и тоа се само неколку. Акупунктурата, шиатсу, таи чи и чи кунг се концентрираат на балансирањето на енергетските меридијани кои се важен дел од чакра системот, според теориите на Вајрајана и Тантричката Шакта. Во следниве поднаслови ќе бидат разгледани неколку модели.

Хинду thumb|Круната Чакра со илјада ливчиња,Веѓата Чакра со две ливчиња,Грлената Чакра со шеснаесет ливчиња,(Непал,17 век)

Во Хиндуизмот претставата за чакрата е дел од збир идеи поврзани со езотеричната анатомија. Ваквите идеи се јавуваат во текстови наречени Агами или Тантри. Ова е голем дел од напис, од која поголемиот дел е одбиен од традиционалистите.

Постојат многу варијации на овие концепти во Санскритските изворни текстови. Во раните текстови постојат различни системи на чакри или нади, со различни поврзувања меѓу нив. Неколкуте традиционални извори бројат 5, 6, 7, 8 или 12 чакри. Со текот на времето, доминантен модел станува системот на 6 или 7 чакри вдолж оската на телото, усвоен од многу училипта за јога. Баш овој систем можно е да потекнува од 11 век ПНЕ, и за брзо време станува доста популарен. Во овој модел, за Кундалини се вели дека се воздига напред, ги прободува различните центри сè додека не ја достигне круната на главата, и се спојува во единство со возвишеното.

Наби

Зборот наби, за првпат беше споменат и опишан во списата Атарваведа, укажувајќи на тоа дека сите надии на телото се поврзани тука. Се мисли на наби чакрата, и за разлика од неа, муладхар чакрата за првпат се опишува во атарва ведата [ведата од која потекнува Ајурведата]. Кај упанишадите чакрата се опишува како збир од ањи и сурија [ сонце ]. Кај Јогаи упанишадите постои опис на девет чакри кој се познати како брама, свадистан, наби, хридја, кант, талука, броо, брама ранда, вјом чакра. Кај јога худама упанишадите се опишува шад чакрата, во јога даршам вибутипад се опишува шад чакрата и при илустрирањето на описот на првата сутра се дадени 12 чакри. Кај шарда тиркам , шад чакрата се опишува како шива и шакти слично како кај горакш нсамита и каула тантрик гранта чакрата, која тука е опишана и е даден моделот за будење на кундалини [моќта на змијата].

Тантрички

Чакрите се опишани во тантричките текстови Сат – Чакра – Нирупана и Падака – Панкака, како ослободување на свеста од Браман, енергија која произлегува од духовното и постепено се открива, создавајќи ги овие различни нивоа на чакри, а понатамошниот дел се претопува во Муладхара чакрата. Според тоа, тие се дел од теоријата за ослободувањето, како кабалата на запад, латаиф – е сита во Суфизмот или нео – платонизмот. Енергијата која се ослободува при создавањето лежи прикриена и во мирување во основата на рбетот. Целта на тантричките или кундалини формите на јога се да ја подигаат енергијата и да предизвикуваат нејзино враќање преку енергетските чакри кои растат, сè додека не се постигне единство со Бог во чакрата Сахасрара на круната на главата.

Вајрајана и Тантрички Будизам

Според современиот Будистички учител Тартанг Тулку, срцевата чакра е многу важна за чувството на постоечкото исполнување.

Како резултат на енергетски дисбаланс помеѓу чакрите се јавува постојано чувство на незадоволство. Кога срцевата чакра е вознемирена, луѓето губат контакт со чувствата и осетот што поттикнува чувство на незадоволство. Тоа води кон надворешна потрага по исполнување.

Кога луѓето живеат во својата глава (свој свет), чувствата се секундарни, и се одговор на ментални слики кои се реакција кон личноста. Кога свеста е концентрирана на сеќавањата од минатите искуства и менталните конфликти, се зголемува протокот на енергија во чакрата на главата а истиот се намалува во срцевата чакра. Без потхранување на чувствата на срцето се јавува енергетска форма на немир што води до потрага по надворешни искуства за себе - исполнување. Кога грлената чакра се смирува и енергијата е рамномерно распределена помеѓу чакрите на главата и срцето, човекот е способен вистински да допре до своите осети и вистински чувства.

Бјон

Чакрите како прана центри на телото, според хималајската Бјонпо традиција, влијаат врз квалитетот на искуството, бидејќи движењето на праната не може да се раздели од искуството. Секоја од шесте чакри се поврзани со експерименталните квалитети на една од шесте домени на постоењето. Модерниот учител, Тензин Вангјал Ринпоче прави компјутерска споредба - главните чакри се како тврди дискови. Секој тврд диск содржи многу податотеки. Еден податотека е секогаш отворен во секоја од чакрите без разлика колку таа и да е затворена. Што се покажува при оформувањето на податотеките. Тса лунг учењата како оние вклопени во Трул Кор, посочуваат на отворени канали така што ‘’лунг ‘’( ‘’Лунг’’ е тибетски термин близок до прана или ги ) може да се движи непречено. Јогата ги отвора чакрите и ги поттикнува позитивните квалитети поврзани со соодветната чакра. Во споредбата со тврдите дискови, се чисти екранот и се открива податотекаот кој содржи позитивни, поддржувачки квалитети. Коренскиот слог ( Санскрит бија ) се користи како лозинка која поттикнува позитивни одлики и штит кој го задржува квалитетот. Тантричките учења постепено ги претвора сите искуства во возвишеност. Учењето ослободува од негативните услови и води до контрола на перцепцијата и сознавањето.

Чугунг

Чигунг исто така се потрпира на сличен модел на човечкото тело како енергетски систем, освен што го вклучува колото на qi ( ки, чи ) енергија. Во колото на чи, наречено Орбитата на микрокосмосот, енергијата исто така се враќа вдолж предниот граден канал [еквивалент на надис од Хатха јога], и навлегува во дан тјен, кога се враќа во срцето [ кружи и напредува кон главата ] при медитација/ спојување или единство со Дао. Во орбитата на макрокосмосот чи е исто така водена преку главните канали на екстремитетите.