right|mini|thumb|Ерик Сати (Хонфлор, 17 мај 1866 - Paris, 1 јули 1925) Ерик Сати (Хонфлор, 17 мај 1866 - Paris, 1 јули 1925) бил француски композитор и пијанист. Почнувајќи со неговиот прв состав, во 1884, тој го потпиша неговото име како Erik Satie.
Сати беше претставен како „гимнопедист( или во оригинал на )“ во 1887 година, кратко време пред да ги напише најпознатите композиции, на Жимнопеди-„Gymnopédies“. Подоцна, тој себеси се нарече фонометричар-фонометрициен-"phonometriciеn" (што значи „човек, кој ги мери звуците“) и ја претпочиташе оваа ознака наместо „музичар“, откако беше наречен „несмасен, но суптилен техничар“ во една книга за современи француски композитори, објавена во 1911 година.
Во прилог на неговото музичко дело, Сати, исто така, остави извонреден сет на списи, кои придонеле за голем број на изданија, од dadaist 391 до американскиот Vanity Fair. Иако подоцна во животот, тој самиот горд на неговата работа секогаш издаваше под свое име. Од крајот на XIX век, во некои од неговите објавени дела, за него се појавуваат псевдоними како Виржини Лебо(Virginie Lebeau) и Франсоа де Пол(François de Paule). Сати беше шарена фигура во почетокот на 20 век во париската авангарда. Тој беше предвесник на подоцнежни уметнички движења, како на пример минимализмот, повторувачка музика и театар на апсурдот.
Животот и работата
Ерик Сати, својата младост ја поминал паралелно во Хонфлер, Нормандија, и Париз. Кога имаше четири години, неговото семејство се пресели во Париз. На татко му (Алфред), му беше понудена работа како преведувач во главниот град. Откако неговата мајка Џин Лесли Антон(Јеan Leslie Anton), која беше родена во Лондон од Шкотски родители) почина во 1872, и тој беше испратен, заедно со неговиот помлад брат Conrad, назад кон Онфлер(Honfleur), да живее со своите баба и дедо. Таму ги доби неговите први музички лекции од локален оргулар. Кога неговата баба починала во 1878, браќата ги собрал нивниот татко кој кратко потоа се преженил во Париз (со пијано наставник) . Од раните 1880 наваму, Алфред Сати(Alfred Satie) почна со издавање на "Салон" композиции (со неговата нова жена како и самиот, меѓу другите)erik-satie.
Во 1879 година Сати се запишал на Парискиот конзерваториум(Paris Conservatoire), каде што бил веднаш етикетиран од неговите учители, како неталентиран. Откако за две и пол години го испратиле дома, на крајот на 1885 година беше повторно примен , но не успеа да остави многу подобар впечаток на неговите учители од претходно, и како резултат на тоа една година подоцна, се решава да запише воена служба. Сепак, воената кариера на Сати не трае многу долго.Во рок од неколку недели, тој ја напушта војската со измами.
Во 1887 Сати го напушта домот за да сместувања во Монмартр. Во тоа време тој го започна трајното пријателство со романтичниот поет Патрис Контамин(Patrice Contamine), каде ги имаше својте први композиции, објавени од страна на татко му. Тој наскоро се интегрира со уметничките клиенти на Ле Ша Ноар Кафе(Le Chat Noir Café) - кабаре, и започнува со објавување на својата Gymnopédies. Објавување на композиции во иста насока (Ogives, Gnossiennes, итн). Во истиот период тој здружи со Claude Debussy. Тој во 1890 година, се пресели во помала просторија, во Монмартр (rue Cortot бр 6). Од 1891 година тој беше официјално композитор и параклис-мајстор на Розенкројцерскиот Орден "Ordre de la Rose-Croix Catholique, du Теmple et du Graal", предводена од Sâr Joséphin Péladan, кои доведоа до композиции, како што се drapeau Salut!, Le Fils des étoiles, и Sonneries de la Rose+Croix.
Од средината на 1892 ги имаше искомпонирано првите парчиња во композициски систем од негова изработка (Fête donnée par des Chevaliers Normands en l'Honneur d'une jeune Demoiselle), и понуди музика на витешка езотерична игра (two Prélude du Nazaréen), како и лажно издавање (распишување на премиерата на Le Bâtard de Tristan, an anti-Wagnerian, опера која тој веројатно никогаш не ја напишал) каде раскина договор со Péladan, започнувајќи го Uspud проектот во раната есен, како и "Christian Ballet" во соработка со Contamine de Latour. Додека другарите Chat Noir и Miguel Utrillo's Auberge du Clou го подржyваа, за проектот се изработи промотивна брошура, која гласи : "Памфлет за новa езотерична секта".
Satie и Suzanne Valadon, уметнички модел, но и самата уметник , и долгогодишен пријател на Miguel Utrillo (и мајката на Maurice Utrillo), започнуваат афера во почетокот на 1893 година. По нивната прва ноќ заедно, тој и предложил брак. Тие не се земаа, но Valadon се пресели во просторија веднаш до Satie's во Rue Cortot. Satie се опседнал со неа, нарекувајќи ја неговата Biqui, пишувајќи и страсни поеми за "нејзиното целосно постоење, прекрасните очи, нежните раце, и малите стапала". За време на нивната врска, Satie ја напиша Danses Gothiques како еден вид молитва, за да си го врати мирот на умот,но и Valadon насликала портрет и му го подарила на Satie. По шест месеци, таа се преселила подалеку, оставајќи го Satie со скршено срце. Потоа, тој рече дека остана без "ништо туку ледена самотија што ги полни главата и срцето со празнина и тага". Се верува дека ова беше единствена интимна врска што Satie некогаш ја имал.
Уште истата година кога тој се запозна со младиот Maurice Ravel за првпат, стилот на Satie се појави во првите композиции на младичот. Една од композициите на Satie од тој период, the Vexations, беше останала непозната дури и по неговата смрт. До крајот на годината тој го основал Église Métropolitaine d'Art de Jésus Conducteur (Црква на Митрополитот на уметноста од Христос). Како едниствен член во улога на "Parcier et Maître de Chapelle" тој почнал да ја компонира Grande Messe (подоцна позната како Messe des Pauvres), и напишал куп писма, статии и памфлети покажувајќи ја својата самодоверба во религиозни и уметнички прашања. Претставено со пример: тој аплицирал за членство Académie Française двапати, не оставајќи место за никаков сомнеж во својата апликација, дека одборот на оваа орагнизација (со Camille Saint-Saëns како претседател) му го должи тоа членство. Таквата постапка, без сомнение придонесе во рушењето на неговата популарност во областа на културата. Во 1895 година тој наследил некои пари, при што си дозволил печатење на повеќе од неговите дела и промена од примерно свештеничко однесување, во отмено господинство.
Преселба во Arcueil - кабаре композиции Schola Cantorum
До средината на 1896 сите негови финансиски средства исчезнаа и тој мораше да се пресели во поевтин стан, прво во Rue Cortot, во соба не многу поголема од плакар, и две години подоцна (од кога ги компонираше првите два сета на Pièces froides во 1897), во Arcueil, предградие на околу пет километри од центарот Париз(во округот Val-de-Marne во областa Île-de-France).
Во овој период тој повторно воспостави контакт со неговиот брат Conard (на многу сличен начин како Vincent Van Gogh со неговиот брат Theo) поради бројни практични и финансиски причини, ги прикриваше внатрешните чувства. Писмата до Conard јасно укажуваа дека ги имаше занемарено сите религиозни идеи (кои нема да се вратат сè до последните месеци од неговиот живот).
Зимата 1898-1899, Satie можеше да се види како секој ден го напушта апартманот во Париското предградие Акреј за да шета низ Париз до Монмартр или Монпарнас, пред вечерта да се врати назад.
Од 1899 година на тој започнува да заработува како кабаре пијанист (најчесто придружуван од Vincent Hyspa, но подоцна и од Paulette Darty), каде адаптирал над сто композиции од популарната музика за пијано (или вокал и пијано), додавајќи и некои од своите. Најпопуларна од овие беше Je te veux (текст од Henry Pacory), Tendrement (текст со Vincent Hyspa), Poudre d'or (валцер), La Diva de l'"Empire" (текст со Dominique Bonnaud/Numa Blès) Le Picadilly (марш), Légende Californienne (текст на Contamine de Latour кој е изгубен, но музиката подоцна повторно се појавува во La Belle Eccentric), и уште многу други (веројатно повеќето се изгубени). Во подоцнежните години Satie ја остава сета негова кабаре музика како срамна и против неговата природа (иако тој оживеа дел од забавата во неговиот Belle excentrique во 1920), но засега, тоа беше приход.
Само неколку композиции, на Satie останаа од овој период: Jack-in-the-box музика за пантомима од Jules Dépaquit (наречена "clownerie" од Satie), Geneviève de Brabant, кратка комична опера со сериозна тема, текст од Lord Cheminot, на The Dreamy Fish, пијано музика придружувана од едена изгубена приказна од Lord Cheminot, и неколку други (пред сè нецелосни, тешко дека некоја од нив е изведена, а ниту една од нив не е објавена во тоа време).
Geneviève de Brabant и The Dreamy Fish беа анализирани (од страна на Ornella Volta) како дела кои содржат елементи за конкуренција со Claude Debussy, за кои ни самиот Debussy не бил свесен (Satie не ја претставил оваа музика во јавноста). Во меѓувреме, Debussy дожеивеа еден од своите први големи успеси со Pelléas et Mélisande во 1902, што неколку години подоцна доведе до дебата помеѓу двајцата композитори: “кој-кому му претходи” (Maurice Ravel бил вмешан во истата).
Во октомври 1905 година Satie се запишува во Schola Cantorum на Vincent d'Indy каде студира класичен контрапункт (не престанувајќи ја својата кабаре работа). Повеќето од неговите пријатели биле вчудовидени исто како и професорите во школата, кога слушнале за неговиот нов план, да се врати во училниците (особено поради тоа што d'Indy бил почитуван студент во Saint-Saëns, но не и омилен за Satie). Како мотивација на Satie за овој чекор, веројатно имало две главни причини: како прво, тој бил изморен од изјавите дека хармонизацијата во неговите композиции била ератична (критика која тој не можел лесно да ја порече, поради неговата недоволната музичка едукација), и второ: тој ја развивал идејата дека една од најтипичните одлики на француската музика е јасност (која најлесно може да биде постигната со добри предзнаења за тоа како традиционалната хармонија била исперцепирана). Satie ќе ги следи овие курсеви во школата, како почитуван ученик, повеќе од 5 години, добивајќи ја првата диплома во 1908.
Некои од неговите училишни контрапункт-вежби се објавени по неговата смрт (на пример:Désespoir agréable), но тој, како кулминација на Schola периодот, го смета En Habit de Cheval (објавен во 1911 како резултат на осумгодишно вредно работење со цел да се дојде до нова, современа фуга). Друго резиме, исто така од периодот пред Schola, се појави во 1911 година: Trois Morceaux en forme de poire, кое беше еден вид на компилација од најдоброто што тој го напишал до 1903 година.
Нешто што станува јасно преку објавувањето на овие компилации, е дека можеби тој сепак и не го отфрлува романтизмот (заедно со неговите експоненти, како Wagner) како целина, (тој беше станал помодерен, на некој начин), туку отфрла некои негови апекти како: музички, она што последователно го отфрла, од неговиот прв па сè до неговиот последен состав, е идејата за развојот, секако со најстрогата дефиниција на овој термин: преплетување на различни теми во развојот, во сонатска форма: што, нормално, го прави неговиот contrapuntal (и други дела) многу краток: на пример, “нови, модерни” фуги не се проширени подалеку од изложеноста на темата/темите. Генерално, тој би рекол дека според него, композиторот не би си дозволил да и одземе повеќе време на публиката, отколку што е потребно, со што го избегнува постанувањето досаден на каков било начин. Исто така, мелодрамата, во својата историска смисла на тогаш популарниот жанр “искажани зборови со музика во позадина”, била нешто што се чини Satie успеал сосемо добро да избегне (иако Piège de Méduse од 1913 година, може да се смета како апсурдна превара на тој жанр).