Задгробниот живот (животот по смртта или животот на оној свет), претставува идеја според која свеста или мозокот на битието остануваат и по неговата физичка смрт. Според многу познати сфаќања, оваа продолжена егзистенција има духовен или нематеријален облик. Поголем дел од сфаќањата за задгробниот живот потекнуваат од религијата, езотеријата и метафизиката. Се верува дека починатите лица, по смртта, одат во некоја специфична област или место за егзистенција кои ги одредува Бог, според заслугите за време на нивниот живот. Реинкранацијата пак, од друга страна, се однесува на живот после смртта во кој е зачувана само „суштината“ на битието, а „животот после смртта“, е друг живот на Земјата или пак во рамките на истиот универзум.

Видови сфаќања за задгробниот живот

Постојат две основни сфаќања за задгробниот живот: емпириски, врз основа на набљудување и религиозни, врз основа на верувањата. Првиот тип на сфаќања се засноваат врз набљудувања и претпоставки од страна на луѓето или иструменти (на пример радио или диктафон кои се користат како електронски гласовни феномени или EVP). Овие набљудувања потекнуваат од истражувањата во врска со реинкарнацијата, искуствa близу до смртта, вонтелесни искуства, астрални проекции, EVP, медијација, разни форми фотографии итн. Научните анкети во врска со овие феномени моче да бидат грубо поделени во две категории: психичкото истражување се фокусира главно на проучување на случаи, интервјуа и теренски извештаи, а парапсихологијата пак, се однесува на главно на лабораториски истражувања. Вториот тип на сфаќања се засноваат на форми на верувања, најчесто верувања во приказни раскажувани од предците или верувања во свети книги како Библијата, Куранот, Талмудот, Ведите, Трипитаката итн. Овој текст се однесува најмногу на вториот тип.

Задгробниот живот во разни метафизички модели

Во метафизичките модели, теистите главно веруваат дека луѓето, после нивнатасмрт ги очекува некаков вид на задгробен живот. Атеистите пак, главно не веруваат дека постои задгробен живот. Припадниците на некои нетеистички религии како Будизмот, веруваат во живот после смртта (реинкарнација) без да се спомене Бог.Садукеите, биле прастара еврејска секта кои верувале дека постои Бог, но не и задгробрн живот. Агностиците се држат до ставот дека како посоењето на Бог, така и постоењето на души или живот после смртта е непроверено и со тоа останува непознато. Некои филозофии (на пр: хуманизам, постхуманизам и до некој степен емпиризам) се држат главно до ставот дека не постои задгробен живот. Многу религии, без разлика дали веруваат во постоењето на душата во друг свет како Христијанство, Ислам и многу други пагански системи на верување, или пак, во реинкарнација како одредени форми на Хиндуизам и Будизам, веруваат дека статусот на дадена личност во задгробниот живот е награда или казна за животот што го живееле.

Реинкарнација

Реинкарнацијата се однесува на задгробниот живот според Хиндусите, Розенкројцерите,Спиритистите и Виканите. Во реинкарнацијата, духовното развивање продолжува и после смртта кога починатиот ќе започне друг живот на земјата и ќе стекне највисок степен на свест и алтруизам врз основа на наследените реинкарнации. Ова наследство води кон евентуално ослободување. Некои припадници на источните религии следат различно сфаќање наречено метемпсихоза кое наведува дека луѓето т.е. нивната душа, може да се всели во животни, зеленчук, или дури во минерали. Дел од верувањата на Хиндусите и Спиритистите е дека и нашите сегашни животи се исто така задгробни животи. Во согласност со овие верувања, настаните во нашите сегашни животи се последица на постапките од претходните животи, или карма. Розенкројцерите, на сличен начин со оние кои имале искуства блису до смртта, зборуваат за период кој се појавува веднаш после смртта и пред влезот во задгробниот живот (пред сребрената врвца да биде прекината), проследен со пресуда, слична на краен преглед или извештај за животот на дадена личност. Многу Викини, но не сите, проповедаат верување во задгробен живот наречен Самерленд, мирно, сончево место каде што се праќаат душите на новопочинатите. Овде душите се одмараат, се опоравуваат од животот и се навраќаат на искуствата што ги имале во текот на животот. По периодот за одмор, душите се реинкарнираат и сеќавањата за претходниот живот се избришани. Ши`а(Shi'a) муслиманите, веруваат во Раџ`а (Raj'a) кое може да биде сфатено како ограничена реинкарнација. Книгата In the ‘’Light of Truth – The Grail Message’’ од Abd-ru-shin, нуди нови знаења во врска со процесот на реинкарнација. Се мисли дека човековиот дух ги повторува своите животи и животни искуства во таканаречената „ позадина“ кои се неопходни поради неговото можно враќање во Духовната област (за луѓето позната како „Рај“). Од тука пораката на Гралот објаснува дека човекот го започнал неговиот пат како несвесно духовно семе.Воден од неговата желба за себепознавање, тој се симнал во светот за да се стекне со искуства кои имаат суштинско значење за неговиот развој, исто како што семето паѓа на земјата со цел да порасне и озрее. Поради тоа што еден живот не е доволен за да се стекнат доволно искуства, човечкиот дух се реинкарнира неколкупати на земјата во различни луѓе и култури. Духовната област може да се достигне само доколку поединци ги поправи сите свои грешки од сите животи и доколку го има достигнато себеспознанието. Ослободен од сè што е материјално, духот може да живее таму вечно како созреан човечки дух.

Задгробниот живот во античките религии

Културолошка споредба

Неодамна, од страна на научникот за религиски студии д-р Грегори Шушан беше извршено истражување во врска со задгробниот живот во античките религии низ културите. Студијата ги анализира верувањата на пет антички цивилизации (Старото и Средно Царство Египет, Сумерска и Стара Вавилонска Месопотамија, Ведическа Индија, пред- Будистичка Кина и пред-Колумбијска Мезоамерика) во врска со историски и сегашни искуства близу до смртта (NDE) и шамански задгробни „патувања“. Откриено е дека и покрај многубројните специфични културолошки разлики, деветте најчести елементи кои најчесто се појавуваат за време на NDE, исто така на едно општо структурно ниво се повторуваат низ културите. Со ова се утврдува дека авторите на овие антички текстови биле запознаени со NDE или нешто слично (на пр: шамански тип на искуства). Сличноста помеѓу културите ги поддржува и религиозната и физиолошката теорија бидејќи двете покажуваат дека феноменот е универзален.

Стариот Египет

Задгробниот живот има важен удел во религијата на Стариот Египет, неговиот систем на верување е еден од најстарите. Кога телото ќе умрело, делови од неговата душа познати како ка (двојно тело) и ба (личност) оделе во кралството на Смртта. Додека пак, душата живеела во полињата на Ару,а Озирис барал работа како замена за заштитата што тој ја пружал. Во гробовите биле поставувани статуи како замена за починатите. За да се достигне награда во задгробниот живот, потребно било срце без гревови, способност за рецитирање на изреките, лозинките и формулите од книгата на Смртта. Во холот на Двете вистини, срцето на починатиот било мерено со пердувот на вистината и правдата Шу,земен од шапката на божицата Ма`ат. Доколку срцето било полесно од пердувот, починатиот можел да помине, но доколку било потешко, демонот Амит го јадел починатиот. Египќаните исто така верувале дека задгробен живот може да се постигне само доколку се биде мумифициран. Само доколку телото било соодветно балсамирано и закопано во мастаба, мртвиот би можел повторно да живее во полињата на Јалу и да го придружува Сонцето во текот на денот. Поради опасностите во задгробниот живот, во гробот се ставала книгата на Смртта како и храна, накит и „клетви“. Исто така го користеле и „отворањето на устата“.

Зороастризам

Зороастризмот тврди дека урванот, кој го претставува вонтелесниот дух, лежи на земјата три дена пред да замине во кралството на смртта со коешто раководи Јима. За време на трите дена додека духот е на земјата, пред неговото тело стојат правичните души и ја пеат„ Ustavaiti Gathas“ со радост, а кај главата му седи нечестива личност што плаче и ја рецитира „Yasna“. Зороастризмот тврди дека за правичните души се појавува убава девица којашто претставува персонификација за добрите мисли на душата, добрите зборови и дела. За нечестивата личност се појавува многу стара, грда, гола старица. После три ноќи, душата на нечестивиот ја зема демонот Вицареша'(Vicaresa), на мостот Чинват и ја праќа во темнината (пеколот). Се смета дека Јима бил првиот крал кој владеел на земјата како и првиот човек кој умрел. Во областа на Јима, душите живеат како сенки и зависат од нивните потомци коишто сѐ уште живеат на земјата. Потомците ја задоволуваат нивната глад и ги облекуваат преку ритуали кои ги прават на земјата. Ритуалите кои се прават во првите три дена се од голема важност бидејќи ја штитат душата од лоши сили и и` даваат сила да го достигне подземјето. По три дена, душата го поминува мостот Чинват којшто претставува краен Суд за душата. Листата понекогаш се проширува и ги вклучува Вахман и Ормазд. Рашну е божествениот којшто ги држи вагите направдата. Доколку добрите дела се потешки од лошите, тогаш душата е достојна за во рајот. Доколку лошите дела се потешки од добрите, тогаш мостот се навалува надолу кон ширината на заострен раб и грозна старица ја зема душата во нејзините раце и ја носи со нејзе долу во пеколот.Мисван Гату e „местото на мешаните“ каде душите имаат сива егзистенција, во недостаток и на тага и на радост. На ова место се стигнува доколку добрите и лошите дела на душата се еднакви и вагата на Рашну е еднаква.

Стари Грци и Римјани

Во „Одисеја“, Хомер мртвите ги нарекува „исцрпени призраци“. Задгробен живот со вечна среќа постои во Елисејските полиња, но тие се резервирани за смртните потомци на Зевс. Во митот за Ер, Платон опишува дека на душите им се суди веднаш после смртта и се праќаат или на небото како награда, или во подземјето како казна. По уживањето или страдањето од одлуките на Судот, душите се реинкарнираат. Грчкиот бог Хејдс, во старогрчката митологија е познат како крал на подземјето, мрачно место помеѓу местото за мачење и местото за одмарање,каде што повеќето души живеат после смртта. На некои херои од грчките легенди им е дозволено да го посетат подземјето. Римјаните имаат сличен систем на верување, со тоа што Хејдс кај нив се нарекува Плутон. Во античкиот грчки мит за Херкул, како една од неговите задачи, тој мора да одпатува во подземјето за да го фати Кербер и да ја врат жена му на Адмет, Алкестида. Сонот на Скипион, напишана од Кикерон, го опишува вонтелесното искуство на душата што патува високо над Земјата и гледа од далеку надолу кон малата планета.

Скандинавска религија

Едите со поезија и проза, најстарите извори на информации за скандинавските сфаќања за задгробниот живот, варираат во нивниот опис на неколку области кои се подолу споменати. Најпознати се: Валхала(Valhala): (лит. „Холот на убиените“ т.е. „Избраните“) ова место на небото, аналогно на грчките Елисејски полиња, е резервирано за храбрите борци кои умираат храбро во битка. Хел (Hel): (лит. „Покриениот хол“) Овој престој е сличен на оној на Хејдс во религијата на Стара Грција: таму има убави ливади за оние кои не претерале во доброто како и лошото и после нивната смрт може да очекуваат да одат таму и да се соединат со нивните сакани. Нифлхел (Niflhel): („Темницата“ или „Мисти Хел“)Оваа област е паралелна на грчката Тартанија. Ова е најдлабокото ниво после Хел и овде престојуваат оние кои кршат заклетви, заведуваат и силуваат жени и прават многу други лоши работи и овде заедно со сличните на нив страдаат од суровите казни.

Задгробниот живот во Аврамските религии

Јудаизам

Воскресение