Боро Пејчинов (Баница, Егејска Македонија, - ) — македонски карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист, сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер.

Животопис Пејчинов е роден во егејското село Баница, во близина на Лерин, на 14 септември 1942 година. За време на граѓанската војна во Грција, тој ја напуштил земјата како дете бегалец и се населил во НР Македонија. Во 1961 година, тој се запишал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1969 година, тој работел како карикатурист-илустратор и новинар за списанието „Журнал“, а од 1970 година во редакцијата на весникот „Остен“ како карикатурист. Во 1972 година, тој заминал на студиски престој во Загреб филм во Загрепската школа за анимиран филм, под менторство на Душан Вукотиќ. Во периодот од 1964 до 1977 година, тој бил хонорарен соработник во РТВ Скопје. Од 1977 година, тој работел во продуцентската куќа Вардар филм, во студиото за анимиран филм, најпрво како карикатурист и илустратор, а потоа режисер, сценарист и сценограф на анимирани филмови. Освен на анимирани работи и на рекламни филмови, а се занимавач и со графички дизајн. За својата работа, тој е добитник на повеќе награди и признанија. Тој живеел и работел во Скопје, се до неговата смрт во 2011 година.

Награди 1978 ФЈДКФ, Белград, златен медал-Београд за режија на анимиран филм / „Отпор“ 1978 ФЈДКФ, Белград, награда Желимир Матко на списанието Филмограф / „Отпор“ 1978 ФЈДКФ, Белград, диплома Кекец / „Отпор“ 1978 МФФ, Оберхаузен, главна награда / „Отпор“ 1978 МФФ, Анси, главна награда / „Отпор“ 1978 МФФ, Краков, специјална награда / „Отпор“ 1978 Југословенски кандидат за Оскар / „Отпор“

Филмографија 1974/75 ВИНИ ПУ, сценарио, режија, анимација, сценографија, дизајн, играно - анимиран, МТВ Скопје 1977: Ближни наши (аниматор, режија, сценарио) 1978 Отпор (аниматор, режија, сценарио) 1978 Растење (аниматор, режија, сценарио) 1985 Epur si muove (Сепак се движи) (аниматор, режија, сценарио) 1986 Тоа е мојот живот (аниматор, режија, сценарио) 1988 Леонардо - настинка (режија, сценарио) 1988 Леонардо - прошетка (режија, сценарио) 1988 Леонардо - творец (режија, сценарио)

Наводи

Категорија:Луѓе од Баница (Леринско) Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски карикатуристи Категорија:Македонски сатиричари Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски сценографи Категорија:Македонски аниматори Категорија:Македонски илустратори Категорија:Македонски автори на стрипови Категорија:Југословенски карикатуристи Категорија:Југословенски сатиричари Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски сценаристи Категорија:Југословенски сценографи Категорија:Југословенски аниматори Категорија:Југословенски илустратори Категорија:Југословенски автори на стрипови Категорија:Деца бегалци Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“