Хуаскар Инка (кечуански: Waskar Inka) бил дванаесетти Сапа Инка на Империјата на Инките кој владеел од 1527 до 1532 година, наследувајќи го неговиот брат Нинан Кујочи и неговиот татко Хуајна Капак. Двајцата, и неговиот татко и неговиот брат, умреле пред Хуаскар да го наследи престолот. Иако Нинан Кујочи требало да биде Сапа Инка, бидејќи умрел прерано не се смета за Сапа Инка. thumb|лево|Хуаскар. По смртта на брат му и татко му, не се знаело кој е наследникот, Хуаскар или неговиот друг брат Атахуалпа и тогаш започнала војна помеѓу нив. По долги крвави војни, Атахуалпа го убил неговиот брат станувајќи наследник на престолот, но овој пат се соочил со друга опасност - шпанската окупација на Јужна Америка.

Поврзано Сапа Инка Список на Сапа Инки Империја на Инките

Категорија:Родени во 1491 година Категорија:Починати во 1532 година