мини|Јавар Вакак Јахуар Хуакак (кечуански: Yawar Waqaq Inka) бил седмиот Сапа Инка на Кралството Куско и втор владетел на династијата Ханан кој владеел од 1380 година.. Името на неговата жена било Мама Чикја или Чу-Ја. Неговиот татко бил Инка Рока, додека негов син бил Виракоча.
Неговото име се поврзува со приказна каде се вели дека тој бил киднапиран од страна на Ајармака. Таму бил задржан некое време, но побегнал со помош на месен жител.
За време на неговото владеење, Инките ги вршеле последните напори против Чанкасите. Тој направил малку згради во Куско, дури не направил ни своја палата. Според една хроника, Јахуар Хуакак го напуштил Куско за време на нападот на Чанкасите, но неговиот син Виракоча го спасил градот и го одбранил.
Наводи
Поврзано Сапа Инка Список на Сапа Инки Империја на Инките Кралство Куско
Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година