Научниците тврдат дека теоретичарите на заговори грешно го толкуваат ,,окото и пирамидата” како Масонски симбол на Илуминатите, тајно здружение од 18 век, за кое се верува дека постои и денес и дека кова заговор во полза на Новиот Светски Поредок. Во теоријата на заговор, терминот ,,Новиот Светски Поредок” или ,,НСП”, се однесува на појавувањето на светска влада со бирократски колективизам. Општото верување во теориите на заговор за Новиот Светски Поредок е дека моќна и тајна елита на глобалисти кова заговор да го преземе владеењето со светот преку автономна светска влада, која ќе биде замена за Суверените Нацинални држави и некои поделби во меѓународните борби за превласт. Се претпоставува дека ќе настанат значајни промени во политиката и финансиите поради големото влијание на политичките интриги преку надворешни организации. Многубројни историски и сегашни настани укажуваат на тоа дека постојано се коваат заговори за да се оствари светска доминација преку тајни политички собири и процеси за донесување одлуки. Пред деведесеттите години од минатиот век, заговорот за Новиот Светски Поредок беше ограничен на две подкултури, воинственото невладино право и христијанските фундаменталисти кои се грижеа за појавувањето на антихристот. Скептиците, како што беше политичкиот научник Мајкл Баркун, не беа загрижени само за тоа дека теориите за заговор за Новиот Светски Поредок на десното крило се под влијание на оние од левото крило, туку дека се и преточени во популарната култура, со што во САД, на крајот од XX и XXI век, дојде епохата кога луѓето се подготвуваат за апокалиптички сценарија поврзани со крајот милениумот. Тие предупредуваат дека овој развој на настаните не само што ќе ги разгори поединечните терористички дејствија туку и ќе има запрепастувачки ефекти врз политиката на Америка, како на пример, зачеток на бунтовното движење на националниот анархизам кое може да ја сруши установената политичка сила. == Потекло на изразот ==
За време на 20 век, многубројни водачи, меѓу кои и Вудроу Вилсон и Винстон Черчил, го користеа изразот ,,Новиот Светски поредок” за да опишат појавување на нов историски период во кој има голема промена во светското политичко мислење и во балансот на моќта по Првата и Втората светска војна. Овие периоди се сметаа за нова можност за спроведување идеалистички и либерални предлози за светското владеење но само преку заедничките напори за препознавање, разбирање или истакнување на светските проблеми кои националните држави не можат да ги решат. Овие предлози доведоа до создавањето на меѓународните организации, како што се Обединетите Нации и НАТО, и меѓународните администрации, како што се системот Бретон Вудс и Генералниот Договор за Трговија и Царини, кои треба да го одржат балансот на моќта и да ја легализираат соработката меѓу нациите. Меѓутоа, овие организации и администрации како и општиот интернационализам, секогаш ќе се критикуваат и отфрлуваат од страна на американските палеоконзерватисти поради изолационизмот и неоконзерватистите врз основа на добриот империализам.
Со последиците од Првата и Втората Свететска војна, прогресивистите ги поддржаа овие меѓународни организации и администрации, но тврдеа дека имаат демократски дефицит и поради тоа не можат да спречат друга светска војна и да помогнат во создавањето на светска правда. Со тоа, активистите во светот создадоа светско федералистичко движење кое треба да создаде ,,вистински” Нов Светски поредок. Многубројни интелектуалци од левиот реформизам, како што бил британскиот пиател Х. Г. Велс во четириесеттите години од минатиот век, го адаптираа и редефинираа изразот ,,Новиот Светски поредок” како синоним за создавање светско раководење со искусна социјалдемократија. Како одговор, теоритичарите на секуларниот хуманизам во Америка како и Христијанската десница, чии стравови беа разгорени со ерата на Црвената Паника поради Масонските, Илуминатските и Еврејските заговори за создавање светски комунизам, започнаа грешно да го толкуваат изразот ,,Нов Светски поредок” кога се користеше од страна на членовите на Естаблишментот. Дури и кога стануваше збор за едноставно признавање на промена на меѓународната рамнотежа на моќта, како барање за наметнување државен атеизам и светско раководење со бирократски колективизам, кое ги контролира средствата за производство, додека сурплусот (,,профитот”) се распределува меѓу владеачките бирократски маси, а не меѓу работничката класа.
Во шеестите години од минатиот век, голем дел од вниманието на заговорниците од десното крило, од страна на групи како што се Здружението Џон Брич и Лобито за Слобода, беа насочи кон Обединетите Нации како средство за создавање ,,Една Светска Влада”, и допридонесоа за создавање конзервативно движење за повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Обединетите Нации. Американската писателка Мери М. Дејвисон, во својата збирка Длабоката револуција од 1966год, го пронајде наводниот заговор за Нов Светски Поредок преку создавањето на Федералниот систем на резерви на САД како влада во сенка во 1921год. Во времето кога се објави збирката, ,,меѓународните банкари” можеа да се протолкуваат од страна на читателите како дополнување на ,,меѓународниот заговор на Еврејското банкарство” предводен од фамилиите Ротчајлд и Рокфелер. Поради тврдењето дека изразот ,,Нов Светски поредок” се користи од тајна елитна група која сака да ги уништи сите суверени држави, американскиот продуцент, Гари Ален, во своите книги Рокфелер: Кампања за Новиот Светски поредок (1974год) и Кажи му Не на Новиот Светски поредок (1987год), ја тргна анти-глобалистичката тема подалеку од актуелната теорија за заговор на десното крило во САД. Оттука, за време на деведесеттите години од минатиот век, демонизацијата на жртвеното јагне на Американската екстремна десница хомогено се пренесе од криптополитиката која правеше заговори во полза на ,,Црвената Паника”, на глобалистите кои правеа заговори во полза на Новиот Светски поредок. Прилично безболниот пренос беше последица на засилената десна опозиција кон глобализацијата на капитализмот како и на основната парадигма на апокалиптичкиот хилиазам, со што се поттикна Студената војна и ловот на вештерки за време на работата на сенаторот Меккартни.
На 11 септември 1990год, претседателот Џорџ Х. В. Буш го одржа својот говор, Кон Новиот Светски поредок, за време на заедничката конвенција на Конгресот на САД, во кој ги опиша своите очекувања од меѓународното владеење по студената војна во соработка со постсоветските држави:
Од самото постоење на светот тој бил поделен-свет заграден со блодникава жица и бетонски ѕид, со конфликти и студена војна. Денес, можеме да видиме Нов Свет. Свет во кој има можност за Нов Светски поредок. Како што кажал Винстон Черчил, ,,светски поредок” во кој ,,принципите за правда и ферплеј...ги заштитуваат слабите од силните...” Свет во кој Обединетите Нации, ослободени од пречките на студената војна, се способни да ја остварат историската замисла на своите основачи. Свет во кој слободата и почитта кон човековите права ќе биде дел од секоја држава.
Чип Берлет, американскиот истражувачки новинар, експерт за движењата на десното крило во САД, напиша:
,,Кога Претседателот Буш кажа дека неговата надворешна политика ќе помогне во создавањето на Новиот Светски Поредок, неговите зборови се пренесоа како електричен шок до христијанската и секуларната екстремна десница, бидејќи тој израз се користеше за да се претстави страшаната влада на заедничкиот колективизам која владееше со децении. Некои христијани мислеа дека Буш укажува на крајот на предавствата на светските водачи. Секуларните антикомунисти видоа храбар обид за уништување на сувернитетот предводен од Обединетите Нации".
Американскиот телевангелист, Пат Робертсон, со својот бестселер Новиот Светски Поредок стана најпознатиот христијански промотор на теориите на заговор. Според него, американска историја стана театар во кој Вол Стрит, Федералниот систем за резерви на САД, Советот за надворешни односи, Билдербершката група и Трилатералната Комислија го контролираат текот на настани од зад сцената, постојано и скришно поттурнувајќи нè кон светската влада водена од Антихристот. Експертите велат дека теоритичарите на заговори од популистичкото десно крило, како што се Линда Томпсон, Марк Коернке и Роберт К. Спер, се галванизираа во борбеност, што доведе до создавање на милиција движењето. Со тоа се прошири антивладеачката идеологија, и тоа преку говорите за време на собири и состаноци, книгите и видео записите продадени на саеми за оружја, софтверите и сателитите, факс мрежите и компјутерските огласни табли. Меѓутоа, вирусната пропаганда на интернетот е онаа која најмногу допридонесе за нивните екстремни политички идеи за Новиот Светски поредок да стигнат до литературата на екстремната левица на некои црни националисти, како и до поранешната аполитичка литература на некои од истражувачите на убиството на Кенеди, уфологијата, теоритичарите за изгубените земји, и најново, експертите за окултизмот. Од почетокот на деведесеттите па натаму, светскиот приговор за овие супкултури го пренесе заговорот за Новиот Светски поредок во вид на ,,мозочен вирус” до голема и нова публика неинформирани барачи. Со почетокот на новиот век, конкретно за време на финансиската криза 2007-2009год, многубројни политичари и експерти, како што се Гордон Браун, Хенри Кисинџер и Барак Обама, го користеа изразот ,,Новиот Светски поредок” или само ,,светски поредок” за да се оствари реформата на Кеинсиан за глобалниот финансиски систем како и нивните барања за ,,нов Бретон Вудс”. Овие изјави ненамерно овозможија свежа храна за теоритичарите на заговор за Новиот Светски поредок, и кулминираа со расправа меѓу поранешниот советник во администрацијата на Клинтон, Дик Морис, и конзервативниот водител Шон Ханити, на едно од неговите шоуа на каналот Fox News, за тоа дека ,,теоритичарите на заговор беа во право”. Fox News постојано е критикуван од групите на заштитеното новинарство, не само за тоа што прифаќа говори за заговори од екстремната десница туку и за можното терање на самостојните терористи во акција. Во 2009год, американските филмски режисери Лук Мајер и Ендру Нил, го создадоа Новиот Светски Поредок, дукументарец признаен од критичарите, кој истражуваше за теоритичарите на заговор, како на пример американскиот радио водител Алекс Џонс, кои сакаат да го разоткријат и силно да им се спротивстават на Новиот Светски поредок.
Теории на Заговор
Има многубројни секуларни и религиозни теории преку кои се гледаат различните концепти на Новиот Светски поредок. Следнава листа ги содржи најзначајните, претставени во приближно хронолошки ред:
Крајот на светот
Повеќе од 2 000 години христијанските теологисти и мировници на апокалиптичкиот хилаизам се плашат од исполнувањето на пророштвото за ,,крајот на светот” опишано во Библијата, конкретно во Книгата на пророк Езекил, Книгата на Даинел, Синоптичкото Евангелие и книгата за Јовановото откровение. Тие тврдат дека човечките и демонските претставници на Ѓаволот се вмешани во некаква првобитна завера за да го натераат човекот да прифати сатанска светска теократија која се состои од Несветото Тројство – Сатана, Антихристот и Лажниот Пророк – во срцето на владетелскиот култ. Според многубројните современи христијански теории на заговор, Лажниот Пророк може да биде последниот папа на Католичката црква (среден и сместен од Алта Вендета или здруженијата за заговори за езуитите) или харизматичен гуру од движењето за Новото Време или пак водич на фундаменталната христијанска организација како на пример Братството. Антихристот пак, може да биде претседателот на Европската Унија или генералниот секретар на Обединетите Нации или пак виртуелен клон кој ќе биде пион на некаков суперкомпјутер.