Грбот на Албанија е официјалниот грб во државата кој е дизајниран според знамето на Албанија. Грбот е составен од црвен штит со златни граници каде се наоѓа црн двоглав орел, елемент од знамето на Албанија, и над орелот се наоѓа шлемот на Ѓорѓија Скендербег.
Двоглавиот орел Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози..; . Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за првпат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.
Историски амблеми
Наводи
Поврзано Грб на Византија Знаме на Албанија Албанија
Надворешни врски Грб на Албанија
Категорија:Национални симболи на Албанија Албанија