За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград

Опсадата на Цариград од 1261 година претставува успешна воена операција со која градот бил преземан од страна на Михаил VIII Палеолог, а со тоа се ставило крај на Латинското Царство.

Заднина По преземањето на Цариград од страна на крстоносците, на територијата на Византија било формирано Латинското Царство и неколку мали византиски држави, од кои најсилни биле Никејското Царство и Епирското Деспотство. Никејското Царство со текот на времето успеало да зазеде неколку територии во Анадолија. По неуспешната опсада во 1260 година од страна на Михаил VIII Палеолог, императорот се подготвил за нов напад на градот, кој започнал на 26 јули 1261 година.

Опсада

Опсадата на градот започнала на 25 јули 1261 година, и истата била предводена од страна на Алексеј Стратегопул. Заземањето на градот можеби било сосема случајно. Алексеј Стратегопул со само околу 800 луѓе се наоѓал во Тракија, за да ја надгледува никејско-бугарската граница. Тој се упатил кон Цариград. По преминувањето на Босфорот неговата армија разбрала дека градот е сосема празен и нема од кого да биде одбранет. Во помош му дошла и џеновската флота. Во ваква ситуација го заварил градот главно поради договорот којшто сѐ уште постоел помеѓу Никеја и Латинското Царство, кој требало да заврши во август истата година. Венецијанската флота била распоредена во Црното Море, а во градот останал само мал број на бродови. Тој во текот на ноќта, можеби со помош на населението, успеал да влезе во градот. Неговите сили без проблеми успеале да го заземат градот. Сепак, царот Балдуин II успеал да побегне. Михаил III во градот влегол на 15 август, и во црквата Света Софија бил прогласен за нов цар на Византија, додека пак Алексеј бил награден со титулата цезар.

Поврзано

Опсада на Цариград (1260) Опсада на Цариград (1422)

Наводи

Литература

George Ostrogorsky, History of the Byzantine State, Rutgers University Press, 1968.

1261 Категорија:Судири во 1261 година Категорија:Латинско Царство Категорија:Опсади на Никејското Царство К 1261

en:Alexios Strategopoulos#Recapture of Constantinople