Предминато време (плусквамперфект) — едно од сложените глаголски форми со кои се служи македонскиот јазик. Самото име означува и покажува за какво граматичко време се работи, односно со ова време се означува минато дејство кое се случило пред друго минато дејство. Предминатото време се образува со сум конструкција и со глаголска л-форма.

Образување Формите на предминатото време во македонскиот јазик се образуваат со употреба на сум конструкцијата во минато определено несвршено време и со глаголската л-форма која најчесто е од свршен глагол. За полесен преглед на формите на глаголите следува табеларен приказ на три сменети глаголи по лица.

прочита прати излезеЈасбев прочитал бев пратил бев излеголТибеше прочитал беше пратил беше излеголТој, таа, тоабеше прочитал (а)* беше пратил (а)* беше излегол (излегла)*Ниебевме прочитале бевме пратиле бевме излеглеВиебевте прочиталебевте пратиле бевте излеглеТиебеа прочитале беа пратиле беа излегле

* - форма за женски род.

Употреба

Ова сложено глаголско време означува дејство што се случило пред друго дејство во минатото. пр: Кога ги побаравме, тие веќе беа изглегле од дома.

Иако има и други значења надвор од основното значење, предминатото време во современиот македонски јазик има многу поограничена употреба во споредба со останатите македонски глаголски времиња и начински форми. Ова време го истиснуваат минатото неопределено или определено време и конструкциите со глаголска придавка, посебно кога се употребуваат без сопоставување со друго минато дејство. Така реченицата Беше се облекол како за на свадба може да се искаже и како Беше облечен / се имаше облечено/ се облекол како за на свадба.

Наводи

Поврзано

Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик

Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.

Категорија:Глаголски времиња во македонскиот јазик